Индустриски Ethernet I/O модул
Ултракомпактниот TBEN-S2-2COM модул од Turck гарантира комуникација помеѓу уреди преку RS232/485 сериски интерфејси и преку дигитални I/O терминали за индустриски Ethernet, т.е. PROFINET.
Ултракомпактен дизајн
Turck нуди комуникациски модул од својата ултракомпактна TBEN-S Ethernet серија: TBEN-S2-2COM модул со 2 сериски портови, кои може да бидат конфигурирани како RS232 или RS485, соодветно на Вашата потреба. Дополнителните конектори на модулот овозможуваат конекција на 4 универзални дигитални сигнали кои може да бидат конфигурирани како влезови или излези.
До 8 Modbus slave уреди може да бидат конектирани на интегрираниот Modbus RTU master уред преку RS485 интерфејс. Новите TBEN-S2-2COM модули поддржуваат и мултипротоколарни Turck технологии така може да работи во PROFINET, Ethernet/IP, или Modbus TCP мрежа без дополнителни поставки на модулот.
Полесна инсталација

Тенкиот 32mm 2COM модул ги поедноставува апликациите кои бараат конекција на дигитални сигнали во ограничен простор до уреди со сериски интерфејси. Благодарение на IP67 заштитата, модулите може да бидат директно инсталирани на машината така што ја намалуваат количината на ожичување.
Параметрите за сериска комуникација како start-stop битови, парност, и пропусен опсег, се конфигурирани преку GSDML фајл или преку Pactware софтвер за параметризација. Достапно е 5 и 24 V напојување.
Сакате да дознаете повеќе?
Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.

Subscribe to our newsletter!