Ласерски триангулациони сензори за растојание

Ласерски триангулациони сензори за растојание припаѓаат во групата на активни бесконтактни мерни компоненти. Благодарение на нивните карактеристики, Micro-Epsilon и Leuze сензорите се особено погодни за мерни задачи во индустриска автоматика, машини, и системи.

Погледнете од каде зрачи светлина

Ласерските триангулациони сензори за растојание работат со ласерска диода која проектира видливо светлинско подрачје на површината на таргет објектот. Рефлектираната светлина од тоа подрачје е детектирана од оптички приемен систем (најчесто CCD приемник) на елемент сензитивен на позиција. Ако светлинското подрачје ја промени својата позиција, тогаш приемниот систем ќе ја детектира и евалуира промената.

Типтех ги застапува германските производители на ласерски триангулациони сензори Micro Epsilon и Leuze electronic. Се смета дека двата производители произведуваат најдобри уреди во својата класа.

Сакате да набавите опрема од нашето портфолио на Сензори?

Мерете точно и различни бои и структури

  • Напредни алгоритми за заменет отвор пред CCD приемник Ви овозможуваат да мерите растојание до објект и со различни бои и структури
  • И аналоген (струен или напонски) и дигитален излез (RS422, Ethernet, Ethercat)
  • Конфигурација преку веб интерфејс без дополнително потребна специјална поставка
  • Може да мерите и објекти кои предизвикуваат дифузна рефлексија на ласерска светлина, но и објекти кои предизвикуваат совршена рефлексија (стакло, полирани површини)

Карактеристики

  • Нема оштетени објекти благодарение на бесконтактно мерење
  • Моќен (но безбеден за очи) монохроматски ласер, несензитивен на амбиентална светлина
  • Компактно куќиште
  • Неверојатна брзина – до 50,000 мерења/секунда
  • Висока прецизност – нанометарска (nm) точност
  • Мерен опсег – од 2 mm до 1000 mm

Сакате да дознаете повеќе?

Laser triangulation distance sensor

Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.

Subscribe to our newsletter!

    Contact form 7 Mailchimp extension by Renzo Johnson - Web Developer

    Don’t miss other related news

    Don’t miss other news