Ласерски сензор за брзи апликации
Micro-Epsilon е врвен производител на висококвалитетни бесконтактни мерни сензори. Ласерскиот сензор optoNCDT 1750 е триангулациски ласерски сензор дизајниран за прецизни мерења со висока брзина во индустриска средина.
Компактен и моќен ласерски сензор
Micro-Epsilon ласерскиот сензор optoNCDT 1750 има компактен дизајн со интегриран контролер. Тоа Ви овозможува брза монтажа и ожичување. Благодарение на екстремно компактни димензии, Вие може лесно да го интегрирате овој ласерски сензор во ограничен простор.
Оптичките компоненти со висок перформанс креираат екстремно мала ласерска точка за екстремно прецизни и точни мерења.
Напредна технологија, оптимални мерења
Клучна предност на овој ласерски сензор е неговата RTSC (real-time surface compensation) карактеристика која овозможува работа независно од материјалот и бојата. Карактеристиката RTSC во реално време одредува количество на рефлексија од таргет површината за време на континуирана изложеност. Времето на изложеност и количеството на светлина произведено од ласерот оптимално се совпаѓа со карактеристичната рефлексија на таргет површината.
RTSC обезбедува екстремно доверливи мерења и кај површини со висока рефлексија.
Убедливи предности
- Висока стапка на мерења до 7.5 kHz, за брзи процеси
- Подобар евалуациски алгоритам за висока резолуција и линеарност (само 0.06 % FSO)
- Компактни димензии
- Селективен тип на мерен материјал за зголемена мерна брзина и точност
- Нагодлива ласерска моќност
- Исти димензии како претходникот за лесна транзиција и склопување
- Предефинирани и индивидуални поставки на веб-интерфејс за брза конфигурација и мерни резултати во реално време
Сакате да дознаете повеќе?
Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.
Subscribe to our newsletter!