Leuze 25C – моќна фотоќелија
Екстремно доверлива и ефикасна 25C серија на ретрорефлективни фотосензори од Leuze за широк спектар на индустриски апликации.
Универзално решение за автоматизација
Leuze 25C поларизиран ретрорефлективен фотосензор (фотоќелија) е универзално решение за широк спектар на апликации во системи за пакување, внатрешна логистика, и автоматика. Нуди најголем мерен опсег за својата големина и широка функциска резерва.
Специјални варијанти како сензори со продолжено или скратено светлосно поле, фотосензори за стакло, фотосензори со висока моќност се издвојуваат како решенија за сложени апликации.
Подобри карактеристики
Ретрорефлективниот сензор промовира зголемена енергетска резерва за 80% поголема од претходните модели. Тоа Ви овозможува:
- Подобра и поефикасна елиминација на амбиентална светлина од околината
- Автоматско нагодување на сензитивноста на сензорот при нечистотии и рефлексија од околината на заштитното стакло
- Несензитивност на прашина и друга нечистотија, така што сензорот може да работи во различни режими. Од минимална сензитивност до максимално засилување.
За апликации со висока доверливост
Изберете идеална верзија за Вас
На сликата се дадени различни верзии на фотоќелија со големина на светлосен зрак, должина на зрак, и форма на крајна точка. На пример, Вие може да изберете:
- Светлосна бариера со голема капацитивна резерва и 200m опсег
- Дизајн со огледална рефлексија во комбинација со многу мали огледала, особено погоден за правлива околина и детекција на транспарентен материјал
- Верзија на сензор со најдолго растојание на детекција во својата класа, и до 1200mm
Сакате да дознаете повеќе?
Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.
Subscribe to our newsletter!