Колор сензор за контраст на ознаки – KRT 18B модел
KRT 18B моделот на колор сензор од Leuze комбинира лесно ракување преку перманентен сигнален индикатор, доверлива детекција на контраст на ознаки, и голема функциска резерва. Достапен со аналоген излез за особено сложена детекција на ознаки во процеси на пакување.
Флексибилност и изводливост – добитна комбинација
Во многу процеси на пакување, колор ознаките мора да бидат доверливо детектирани на разни амбалажи, или етикети. Притоа бескомпромисно се очекува висока флексибилност, издржливост, и употребливост на сензорот.
KRT 18B моделот е идеален избор за исполнување на следните барања: екстремно лесно ракување, автоматско повторливо нагодување на сензитивност, и интегриран двоканален IO-Link интерфејс. Неговото компактно метално куќиште овозможува инсталација и во ограничен простор и во апликации со строги хигиенски барања.
Избор помеѓу 6 варијанти за Ваше оптимално решение
- Стандардна: основна варијанта за едноставни апликации
- Со Teach тастер: варијанта за универзална употреба, со додаден LED дисплеј за полесно нагодување на прекинувачка гранична точка
- Со вртлив потенциометар: варијанта за рачна оптимизација преку потенциометар за прецизно нагодување на прекинувачка гранична точка
- За следење: варијанта за максимална достапност до тешко детектабилни ознаки преку вградена функција за автоматска промена на сензитивност
- Брза: варијанта за прецизно позиционирање кај брзи процеси благодарение на пократко време на одѕив (22.5 µs), и повисока прекинувачка фреквенција (22 kHz)
- Аналогна: варијанта со аналоген излез за евалуација на сигнали до PLC
Карактеристики на контраст сензор
Апликации во индустрија
Сакате да дознаете повеќе?
Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.
Subscribe to our newsletter!