Надградете ги Вашите процеси за дигитална ера. Направете го Вашиот производен систем поефикасен, идентификувајте критични точки, и предвидете дефекти пред да се случат. Со GEN-3G Ethernet gateway уредот од Turck, може да праќате информации и метаподатоци од процесот до IT системи. Таму, интелигентни алгоритми кои следат услови ги трансформираат овие податоци во знаење кои Ви помага Вам и на Вашата фабрика.
Дигитална оптимизација на процеси во опасни зони
Сè досега, податоците беа дистрибуирани низ многу уреди на терен. Turck го поплочува патот за евалуација на овие податоци со неговиот високо достапен I/O систем – excom. Неговиот GEN-3G Ethernet gateway уред обезбедува интерфејс за паралелен податочен пристап.
Може да праќате информации и метаподатоци од процесот до IT системи. Таму, интелигентни алгоритми кои следат услови ги трансформираат овие податоци во знаење кои Ви помага Вам и на Вашата фабрика.
Податочен пристап отпорен на манипулација
excom Ethernet gateway уред одобрен за инсталација во Ex зона 2 или во безбедна зона. Пренесува податоци до контролниот систем преку мултипротоколарен Ethernet (PROFINET, EtherNet/IP, Modbus TCP). Покрај овие кориснички податоци може да бидат преземени анализирани податоци од gateway уредот преку соодветни мрежни учесници и пренесени до надворешни IT системи.
Истовремено се извршуваат преку иста мрежа. IT системот за анализа на податоци има дозвола само за читање. Ова спречува манипулација на процесот или контролниот систем. Системите за анализа на податоци може да бидат реализирани на страна без надворешна мрежна конекција или cloud системи.
Максимална достапност, апсолутна сигурност
Графикот покажува разни сценарија на инсталација за excom со Ethernet. Комбинација на разни концепти ја зголемува достапноста на фабриката. Преку cloud протоколи Kolibri, OPC-UA или MQTT може да се конектирате до мобилни уреди.
Благодарение на паралелен податочен пристап, процесните податоци може да се издвојат од анализирани податоци. Од аспект на безбедност, архитектурата нуди повеќе предности: во однос на следење и оптимизација (M+O), фабриката има кус циклус на иновација во IT светот, и може да се потпре на безбедност и доверливост на OT.
Паралелен податочен пристап – подготвени за иднина
Паралелниот податочен пристап го воведува IIoT во светот на процесите. Податоците се пренасочени во паралелна IT структура под ниво на контролниот систем. Ова значи дека контролниот систем за процеси останува недопрен.
Освен во контролни и ERP системи, овие податоци може да се користат за вредни пронаоѓања во однос на ефикасност на компоненти и веројатност на грешка. На пример, ако времето за конекција на вентил се зголеми, може да укажува на корозија или депозити. Резултатите од овие анализи се праќаат до процесите на ниво на оперативен менаџмент за оптимални циклуси.
Сакате да дознаете повеќе?
Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.
Subscribe to our newsletter!