Изберете етаблирани Eta производи на пазарот
По своето основање во 1978 година во Италија, компанијата Eta се здоби со повеќе од 40-годишно искуство во производство на челични лимови, нерѓосувачки челик, и преработен алуминиум. Се етаблираше како глобална референца на пазарот за електрични ормари без ожичување.
Eta е секогаш и секаде тука за Вас
Еta групацијата има производни погони на две локации во Италија – еден во Canzo за раните фази на производство, и втор во Albavilla за крајните фази. Tие имаат и центар за логистика во Италија.
Две нивни комерцијални подружници се лоцирани во Англија и Франција, а трета во Кипар (за пазарот на Блискиот Исток). Тие имаат обемна продажна мрежа низ Италија, и во повеќе од 40 држави ширум светот.
Искористете ги капацитетите на Eta
Во нивната лабораторија, нивните инженери можат да замислат, дизајнираат, и изградат нови иновативни производи и решенија. Исто така, таму можат да развијат проекти по мерка на нивните бизнис партнери. Во нивниот Центар за истражување и развој, тие можат да ги проучат Вашите потреби и секој дел од проектот може да се тестира, благодарение на производните системи целосно посветени на прототипови и тестови. Така, тие можат да изберат најефикасно и најефективно решение.
Исто така, тие имаат свој Оддел за квалитет и безбедност за да бидат во тек со сертификати, регулативи, и стандарди од својот сектор, и за да одговараат на прецизни и уникатни барања на пазарот, благодарение на посветена лабораторија опремена со сите потребни алати и опрема.

Погледнете зошто се Eta уникатни
Прочитајте ги најновите вести
Бесконтактен safety прекинувач RSS 16 серија – RFID технологија
Достапни се 3 различно кодирани верзии. RFID технологија за потребна заштита од манипулации. Може да активира од 3 насоки.
Бесконтактен индуктивен енкодер
Бесконтактен QR24 индуктивен енкодер со висока резолуција. Нагодување на бројот на импулси во опсег од 1 до 5000 импулси по вртеж. Отпорен на абење и на магнетно поле. Повеќе опции за монтажа. Цврсто компактно куќиште.
Cognex фиксни DataMan баркод читачи
Некои карактеристики на DataMan баркод читачи: најбрза стапка на читање, без движечки механички делови, повратна информација за оптимална идентификација, моќни алгоритми, подобра ергономија...
Turck индуктивни сензори uprox3 серија
Убедливо најголеми прекинувачки далечини без компромиси во перформансот. Модели достапни и со робусен PTFE или WeldGuard слој. Флексибилна монтажа.
UniStream PLC контролер – помал труд, поголема работа
All-in-One PLC контролерот UniStream ќе Ве убеди со HMI дисплејот и моќната CPU единица во комбинација со бесплатниот UniLogic софтвер, и можноста до 2048 сигнали.
Претплатете се на нашиот весник!
Вие ќе добивате квалитетни вести и потсетници за вебинари за водечка опрема во автоматиката со цел да бидете чекор пред Вашата конкуренција.












