Изберете етаблирани Eta производи на пазарот
По своето основање во 1978 година во Италија, компанијата Eta се здоби со повеќе од 40-годишно искуство во производство на челични лимови, нерѓосувачки челик, и преработен алуминиум. Се етаблираше како глобална референца на пазарот за електрични ормари без ожичување.
Eta е секогаш и секаде тука за Вас
Еta групацијата има производни погони на две локации во Италија – еден во Canzo за раните фази на производство, и втор во Albavilla за крајните фази. Tие имаат и центар за логистика во Италија.
Две нивни комерцијални подружници се лоцирани во Англија и Франција, а трета во Кипар (за пазарот на Блискиот Исток). Тие имаат обемна продажна мрежа низ Италија, и во повеќе од 40 држави ширум светот.
Искористете ги капацитетите на Eta
Во нивната лабораторија, нивните инженери можат да замислат, дизајнираат, и изградат нови иновативни производи и решенија. Исто така, таму можат да развијат проекти по мерка на нивните бизнис партнери. Во нивниот Центар за истражување и развој, тие можат да ги проучат Вашите потреби и секој дел од проектот може да се тестира, благодарение на производните системи целосно посветени на прототипови и тестови. Така, тие можат да изберат најефикасно и најефективно решение.
Исто така, тие имаат свој Оддел за квалитет и безбедност за да бидат во тек со сертификати, регулативи, и стандарди од својот сектор, и за да одговараат на прецизни и уникатни барања на пазарот, благодарение на посветена лабораторија опремена со сите потребни алати и опрема.

Погледнете зошто се Eta уникатни
Прочитајте ги најновите вести
Баркод читачи DataMan 150/260 серии
Фиксни Cognex баркод читачи од DataMan 150/260 серии со највисока стапка на читање благодарение на брз и моќен софтвер кој користи најнови Cognex алгоритми.
Unitronics PLC контролер Vision 430 серија
Елегантен 4.3” HMI екран на допир со 5 клучни функции, експанзија до 512 I/O терминали, самоприлагодливи 24 PID јамки, се програмираат со бесплатен VisiLogic софтвер директно или далечински.
Samba PLC контролер
Зголемете ја Вашата конкурентна предност со Samba серијата на Unitronics интегрираниот PLC + HMI контролер. Достапни за нарачка како 3.5"/4.3"/7" HMI 16-bit екрани на допир.
Ethernet IP за побрз податочен пренос
Unitronics PLC контролерите од наградуваната UniStream серија сега поддржуваат и индустриски Ethernet IP протокол.
All-in-One сензор In-Sight серија
Наградуван all-in-one индустриски сензор со вградена камера, процесор, осветлување, оптика, и I/O сигнали. Детектира и скенира до 6,000 објекти во минута. Индустриска IP67 заштита.
Cognex рачни баркод читачи DataMan 8050 серии
Цврсти индустриски читачи за брзо и лесно декодирање на сложени 1D-, 2D-, и DPM баркодови во најсурови индустриски средини.
Претплатете се на нашиот весник!
Вие ќе добивате квалитетни вести и потсетници за вебинари за водечка опрема во автоматиката со цел да бидете чекор пред Вашата конкуренција.













