Изберете етаблирани Eta производи на пазарот
По своето основање во 1978 година во Италија, компанијата Eta се здоби со повеќе од 40-годишно искуство во производство на челични лимови, нерѓосувачки челик, и преработен алуминиум. Се етаблираше како глобална референца на пазарот за електрични ормари без ожичување.
Eta е секогаш и секаде тука за Вас
Еta групацијата има производни погони на две локации во Италија – еден во Canzo за раните фази на производство, и втор во Albavilla за крајните фази. Tие имаат и центар за логистика во Италија.
Две нивни комерцијални подружници се лоцирани во Англија и Франција, а трета во Кипар (за пазарот на Блискиот Исток). Тие имаат обемна продажна мрежа низ Италија, и во повеќе од 40 држави ширум светот.
Искористете ги капацитетите на Eta
Во нивната лабораторија, нивните инженери можат да замислат, дизајнираат, и изградат нови иновативни производи и решенија. Исто така, таму можат да развијат проекти по мерка на нивните бизнис партнери. Во нивниот Центар за истражување и развој, тие можат да ги проучат Вашите потреби и секој дел од проектот може да се тестира, благодарение на производните системи целосно посветени на прототипови и тестови. Така, тие можат да изберат најефикасно и најефективно решение.
Исто така, тие имаат свој Оддел за квалитет и безбедност за да бидат во тек со сертификати, регулативи, и стандарди од својот сектор, и за да одговараат на прецизни и уникатни барања на пазарот, благодарение на посветена лабораторија опремена со сите потребни алати и опрема.

Погледнете зошто се Eta уникатни
Прочитајте ги најновите вести
PowerGrid технологија за доверливо DPM баркод читање
Моќна PowerGrid технологија од Cognex за декодирање и на тешко читливи DPM баркoдови со оштетени или целосно отсутни витални елементи.
Turck хибриден safety I/O модул
Флексибилен и исплатлив TBPN хибриден модул во компактно IP67 куќиште за комбинирана евалуација и на стандардни и на safety I/O сигнали.
Basler вградлива мини камера за машински вид
Компактен, лесен, и елегантен дизајн на Pulse мини камера. Специјално дизајнирана за машински вид во медицина, микроскопија, транспорт, и трговија.
Antaira индустриски Ethernet свичеви по атрактивна цена
Робусни индустриски Ethernet свичеви од Antaira за олеснета ефикасна автоматика на критично сложени апликации во сурови индустриски средини.
Cognex 1-D/2-D баркод читач DataMan 8600 серија
Напредна технологија за доверливо читање и на разновидни 1-D баркодови и на најсложени 2-D и DPM баркодови во најсурови индустриски средини.
ESCHA енергетски M12 конектори и кабелски склопови
Универзални S- и T-кодирани конектори и кабли за гарантиран доверлив пренос на енергија преку стандардизиран M12x1 интерфејс.
Претплатете се на нашиот весник!
Вие ќе добивате квалитетни вести и потсетници за вебинари за водечка опрема во автоматиката со цел да бидете чекор пред Вашата конкуренција.













