Изберете етаблирани Eta производи на пазарот
По своето основање во 1978 година во Италија, компанијата Eta се здоби со повеќе од 40-годишно искуство во производство на челични лимови, нерѓосувачки челик, и преработен алуминиум. Се етаблираше како глобална референца на пазарот за електрични ормари без ожичување.
Eta е секогаш и секаде тука за Вас
Еta групацијата има производни погони на две локации во Италија – еден во Canzo за раните фази на производство, и втор во Albavilla за крајните фази. Tие имаат и центар за логистика во Италија.
Две нивни комерцијални подружници се лоцирани во Англија и Франција, а трета во Кипар (за пазарот на Блискиот Исток). Тие имаат обемна продажна мрежа низ Италија, и во повеќе од 40 држави ширум светот.
Искористете ги капацитетите на Eta
Во нивната лабораторија, нивните инженери можат да замислат, дизајнираат, и изградат нови иновативни производи и решенија. Исто така, таму можат да развијат проекти по мерка на нивните бизнис партнери. Во нивниот Центар за истражување и развој, тие можат да ги проучат Вашите потреби и секој дел од проектот може да се тестира, благодарение на производните системи целосно посветени на прототипови и тестови. Така, тие можат да изберат најефикасно и најефективно решение.
Исто така, тие имаат свој Оддел за квалитет и безбедност за да бидат во тек со сертификати, регулативи, и стандарди од својот сектор, и за да одговараат на прецизни и уникатни барања на пазарот, благодарение на посветена лабораторија опремена со сите потребни алати и опрема.

Погледнете зошто се Eta уникатни
Прочитајте ги најновите вести
Минијатурен ласерски сензор за растојание optoNCDT
Компактен дизајн со интегриран контролер, висока резолуција, робусно куќиште, мултифункционален тастер...
SECOMEA 4G за далечински пристап преку 4G мрежа
Secomea - специјалист за далечински индустриски комуникации кои Ви помагаат да ја следите, менаџирате, и услужувате Вашата опрема без разлика каде се наоѓате. Нивната мисија е да обезбедат сигурна и едноставна конекција.
Micro-Epsilon жичани сензори MK серија
Компактни и робусни жичани сензори за точни мерења на растојание и позиција со мерен опсег од 50 mm до 50 m. Погодни и за тешко пристапни места.
Turck индуктивни сензори uprox3 серија со IO-Link
Флексибилна параметризација, функции за тајмер. Достапни во 4 варијанти. Достапен IO-Link работен режим. Универзални прекинувачи за идентификација.
Safety RFID interlock уред AZM400 серија
AZM400 серија користи RFID технологија за да го детектира актуаторот, и да го заклучи пин кодот со бистабилен моторен драјв, така што нуди највисоко ниво на безбедност.
Оптички сензор за растојание ODS10 серија – логистика
Со ODS10 серија мерете брзо и точно растојание до тешко мерливи објекти без разлика на нивниот материјал.
Претплатете се на нашиот весник!
Вие ќе добивате квалитетни вести и потсетници за вебинари за водечка опрема во автоматиката со цел да бидете чекор пред Вашата конкуренција.













