Сигнални светилки и сигнални кули со врвен квалитет
Auer Signal портфолиото на сигнални светилки и сигнални кули Ви нуди широк избор на висококвалитетни сигнални уреди за секоја апликација. Може да бидат на ѕид или на држач вертикално, хоризонтално, или магнетно монтирани.
Издржливи сигнални светилки во 6 бои
Широкиот избор на стробо-, континуирани-, трепкачки-, или ротирачки Auer Signal светилки вклучуваат од 30 mm мали до 300 x 300 mm големи светилки.
Производите монтирани на подлога или на панел може да ги користите во надворешни услови на сонце, ветер, и дожд.
Специјалните UV поликарбонатни LED светилки со цврсти бои кои се отпорни на околни влијанија, вандализам, и температурни шокови долго ќе траат без да ги одржувате.
Стандардната понуда вклучува и EX модели на светлосни сигнални уреди.

Компактни или модуларни сигнални кули

Сигналните кули аудиовизуелно информираат за состојбата на машините. Може да ги монтирате на Вашата машина, производна постројка, или разводен ормар. Тие обезбедуваат јасна сигнализација и на поголема далечина.
Вие може да изберете помеѓу 12 различни модели, светлосни модули во 6 бои, и 10 светлосни компактни модули. Светлосните кули се достапни во дијаметар од 30 mm до 70 mm.
Сакате да дознаете повеќе?
Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.

Subscribe to our newsletter!