Pick-to-Light: All-in-one решенија

Pick-to-Light решенијата од Turck се базирани на IP67 компоненти кои овозможуваат робусна, брза, беспрекорна инсталација без потреба од контролен ормар. Намалено време за речиси 100 % беспрекорна инсталација со драстично намалени трошоци за работна сила!

Pick-to-Light технологија

Pick-To-Light решенијата од Turck Ви овозможуваат да ги оптимизирате Вашите апликации за склопување и селектирање. Pick-To-Light технологијата Ви овозможува да распоредите визуелни (и аудио, опционално) сигнали кои индицираат на бараниот дел од редоследот за склопување.

Вие ќе имате можност да индицирате и несоодветни делови, и да обезбедите брза и доверлива инсталација и одржување без потреба од додатен контролен ормар.

Кликнете тука за брошура

Сакате да набавите опрема од нашето портфолио на Сензори?

Посетете ја нашата B2B продавница

Погодно и за сложени апликации во ограничен простор

pick-to-light тастери Turck

Turck дополнително го прошири својот богат избор на сензори и светлосни завеси за мануелни монтажни контролни системи преку Pick-To-Light осветлени тастери со рамен дизајн. Поради нивната ниска висина, тие се идеален избор при ограничени услови на монтажа.

Вие имате можност да ги користите овие робусни IP67 тастери и во сложени апликации. Нивниот plug-&-play капацитет овозможува лесно и брзо да ги инсталирате. Како резултат на нивниот модуларен хардверски и софтверски пристап, Вие имате на располагање комплетни, агилни, и исплатливи Pick-To-Light решенија по Ваша мерка.

Предности со Pick-to-Light систем

  • елиминација на грешки при редослед на мануелно селектирање/производство
  • зголемена доверливост на производство
  • оптимизација на процес на склопување
  • едноставна обука на оператори за одреден редослед од процесот на склопување
  • елиминација на беспотребна човечка грешка при задачи на склопување
  • намалени трошоци за работна сила
  • брза инсталација на Pick-to-Light системи
  • итн.

Pick-to-Light осветлени тастери

pick-to-light рамни свод тастери Basler

Функцијата на K50 тастери со рамен дизајн е слична со онаа на вообичаените K50 тастери со дизајн на свод. Може да се користат и поединечно и во Pick-to-Light апликации. Нежен допир со прст или дланка без поголем притисок е доволен за генерирање на сигнал.

Тастерот може да биде активиран и со и без ракавици. LED светилката во тастерот гарантира долг работен век, висок светлосен интензитет, и ниска енергетска потрошувачка.

Сакате да дознаете повеќе?

Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.

pick-to-light buttons Turck

Subscribe to our newsletter!

    Contact form 7 Mailchimp extension by Renzo Johnson - Web Developer

    Don’t miss other related news

    Don’t miss other news