Робусен цилиндричен фотосензор
Leuze цилиндричен фотосензор 412B е одличен избор кај сите апликации со мал простор на располагање. Во доменот на оптички сензори со прекинувачки излез, цилиндричниот фотосензор со M12 дијаметар, ќе Ве убеди со неговата компактност и тенок метален дизајн.
Совршен за апликации со ограничен простор
Leuze цилиндричниот фотосензор 412B е сместен во робусно, мало, и екстремно компактно метално M12 куќиште. Сензорот совршено ќе Ви служи во апликации со тесен простор, т.е во апликации за пакување или логистика. Но, може да го користите и во други процеси на автоматика.
Инженерите во Leuze вложија голем труд за да ги подобрат перформансите на серијата. Фотосензорот промовира одличен мерен опсег, брзо време на одѕив, и оптички стакла. Додадени се и екстремно моќни ласерски модели, и модели со NPN излез. Во нивниот фокус се наоѓа и едноставно интуитивно нагодување преку 270 ° потенциометар.
Предности на цилиндрична фотоќелија
- подобар перформанс во однос на 412 серија
- совршено адаптиран за монтажа во тесен простор
- екстремно робусно и компактно метално куќиште, со оптичко стакло
- достапен принцип на предавател/приемник како кај ласерски сензори со висок перформанс, во челично куќиште
- атрактивна цена, за примена во голем број апликации
Сакате да дознаете повеќе?
Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.
Subscribe to our newsletter!