Cognex систем за машински вид

Втората генерација на In-Sight 7000 овозможува брза и точна контрола на квалитет, и идентификација на производ дури и кај многу побрзи производни линии.

Моќен систем за машински вид

Cognex го претставува својот најнов систем за машински вид In-Sight 7000, кој е неспоредлив по својата модуларност и интеграбилност.

Благодарение на својот робусен и компактен дизајн, уредот е погоден за интеграција во разновидни, па дури и просторно ограничени производни средини.

Има IP67 класа на заштита.

Сакате да набавите наши опрема за Машински вид?

Повеќе од 400 можни конфигурации

Cognex In-Sight 7000 модули

Уникатниот модуларен дизајн со Flexible Image Technology нуди повеќе од 400 можни конфигурации. Целиот систем за машински вид вклучува патентиран систем со LED осветлување за рамномерна и дифузна светлина на цело видно поле, притоа намалувајќи ја потребата за скапо екстерно осветлување.

Голем избор на колор осветлување, оптички филтри, и поларизатори за адаптација според потребите на Вашата апликација. Достапен е и голем избор на C-mount и S-mount леќи, како и индустриски леќи со механичко нагодување на автофокус.

Автоматизација за сите апликации

Сите системи имаат достапна 512 MB меморија која може да биде проширена со SD мемориска картичка. Како и сите други модели од In-Sight програма, и In-Sight 7000 системот поддржува In-Sight Explorer софтверска околина, која овозможува поставка и контрола на задачи за машински вид.

Софтверската околина има user-friendly кориснички интерфејс. Системот вклучува и комплет од алатки, како PatMax RedLine за пребарување на шаблони, OCRMax, и SurfaceFX за преземање карактеристики од површина на објекти.

Cognex In-Sight 7000 автоматизација

Сакате да дознаете повеќе?

Cognex In-Sight 7000

Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.

Subscribe to our newsletter!

    Contact form 7 Mailchimp extension by Renzo Johnson - Web Developer

    Don’t miss other related news

    Don’t miss other news