In-Sight систем за машински вид
Cognex системот за машински вид In-Sight 3D-L4000 комбинира 3D ласерски профил скенер и паметна камера. Уникатната комбинација не само што овозможува брза и лесна конфигурација за 2D, туку пред сè за сите 3D контроли и мерења на производи во Вашето производство. Ова ја подобрува точноста на Вашите мерења и ја зголемува контролата на Вашите производи, и дава инстант повратни информации за позиција на алатки и контролни резултати.
Имплементирајте 3D контрола во Вашата апликација
Cognex водечки производител на хардвер опрема за машински вид, софтвер, сензори, и баркод читачи за употреба во индустриска автоматика. Големиот избор на висококвалитетни производи по прифатлива цена Ви помага за подобар квалитет, елиминација на грешки во Вашето производство, и помали трошоци.
Еден таков производ е нивниот уникатен In-Sight 3D-L4000 систем за машински вид. Комбинира 3D ласерски профил скенери и паметна камера, што овозможува брза и лесна конфигурација и за 2D и за 3D контрола и мерења на производи.
Дизајн на реална слика
Cognex In-Sight 3D-L4000 скенерот со патентирана оптика и сина ласерска светлина снима висококвалитетни 3D слики. Преку моќниот процесор вграден во скенерот кој извршува многу софтверски функции, Вие може многу ефикасно да го контролирате Вашето производство.
Иако треба да се справите со алатки за контрола во 3D простор, Вие нема да имате никакви проблеми со нив, затоа што се многу едноставни. Тие следат добро познат концепт на 2D контрола во робусна In-Sight Spreadsheet софтверска околина.
Богат избор на напредни 3D алатки
Со Cognex In-Sight 3D-L4000 може да манипулирате со податоци директно во 3D простор, а преку 2D мапа како традиционални алатки. Ова овозможува подобра точност и поголем избор на контрола за Вашите производи. Уште подобро, поради 3D инспекција, може веднаш да доживеете како алатката работи на реален дел или компонента.
In-Sight 3D-L4000 софтверската околина доаѓа со полн сет од 3D алатки, дизајнирани за инспекција во реален 3D простор. Овие алатки биле креирани со едноставноста на 2D земена во предвид со цел подостапни за Вас. Капацитетот за комбинација на 2D и 3D алатки во единствен уред Ви овозможува да исполните голем број на апликации и побрз поврат на инвестиција.

Лесен развој на апликации

Интуитивниот In-Sight spreadsheet интерфејс брзо и лесно конфигурира и извршува 3D апликации без потреба од програмирање. Овозможува полесен развој на апликации и поддржува интеграција со полн I/O и комуникациски функциски сет.
Во исто време, олеснува интеграција во постоечки систем со помош на голем избор на I/O сигнали и комуникациски протоколи како TCP/IP, Modbus TCP/IP, EtherNet/IP, PROFINET, итн.
Subscribe to our newsletter!