Adaptive Vision Studio

Во новата верзија на Adaptive Vision Studio 5.1, Adaptive Vision го надгради својот ефикасен и флексибилен софтвер за машински вид со интересни иновации и карактеристики. Креирајте типични апликации со машински вид или развијте проекти од голем размер нагодени според Вашите барања без претходни програмерски вештини!

За сложени системи за машински вид

AV Studio од Adaptive Vision е ефикасен софтвер базиран на податочен проток кој вклучува богат сет од моќни алатки за анализа на слика. Иако не бара програмерски вештини, се користи во многу сложени системи за машински вид.

Неговата архитектура која е високо флексибилна гарантира лесна адаптација на производот според Вашиот начин на работа и конкретни проектни барања.

Повеќе неверојатни карактеристики на    AV Studio + Library  и AV Deep Learning

Adaptive Vision Studio 5.1

Сакате да набавите наши опрема за Машински вид?

Посетете ја нашата B2B продавница

Повисок стандард за машински вид

Adaptive Vision Studio 5.1 е надградена верзија од Adaptive Vision.

Најновата верзија е опремена со постоечки карактеристики меѓу кои Deep Learning OCR, автоматско тренирање на модел, EtherNet/IP протокол, програмски breakpoints. Новата верзија дефинира повисок стандард на софтвер за машински вид.

Кликнете тука за AV Studio 5.1

За сложени OCR проекти

Adaptive Vision Deep Learning OCR е ултимативен одговор за сложени проекти за препознавање на карактери, т.е. таму каде традиционална OCR техника не е погодна за комплексни неуниформни позадини, замаглени карактери или рефлектирачки метални површини.

Алатката е веќе тренирана со стотици различни слики, и е способна да постигне неверојатни ~98% точност.

Кликнете тука за OCR брошура
Adaptive Vision Deep Learning OCR

Заштедете време со Automatic Training & Model History

Adaptive Vision 5.1 Automatic Training

Повеќето deep learning проекти имаат потреба да тренираат повеќе модели, за што треба многу труд и време. Тука на сцена стапува AV Automatic Training & Model History алатката.

Automatic Training овозможува брза спецификација на различни сетови на тренинг параметри, автоматско тренирање на сите модели, и генерирање на детален извештај за секој модел.

Model History овозможува брзо прелистување и менаџирање на сите претходно тренирани модели, премин од еден на друг, и детална споредба.

Други промени во AV Studio 5.1

поддржува EthernetIP протокол преку I/O картички од Hilscher.

Со програмските breakpoints сега може да сетирате сегменти од Вашата апликација по кои извршувањето на програмата ќе паузира. Ова може да биде многу корисно при дебагирање на големи програми. Може да користите F9 shortcut— исто како кај Microsoft Visual Studio.

Template Matching е значително подобра со додавање на динамички пресметани каскадни нивоа во моделот. Ова резултира со многу побрзо креирање на модел и многу помала потрошувачка на меморија од моделот.

ProfileBox HMI контролниот панел поддржува до 8 графици, и може да прикажува профили, нумерички низи, геометриски примитиви, хоризонтални линии кои укажуваат на лимити и референтни нивоа.

Adaptive Vision Studio за OpenCV: комплетно бесплатна, нова верзија на Adaptive Vision Studio за студенти и рекреативци која вклучува функции од OpenCV библиотека како дел од user-friendly Adaptive Vision интерфејсот. Уживајте!

Многу подобар 3D преглед, со нова формула и функции.

За комплетна листа на промени, Ве молиме погледнете AV 5.1 Release Notes.

Adaptive Vision Studio Model History

Сакате да дознаете повеќе?

Adaptive Vision Studio

Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.

Subscribe to our newsletter!

    Contact form 7 Mailchimp extension by Renzo Johnson - Web Developer

    Don’t miss other related news

    Don’t miss other news