Модуларен индустриски компјутер за сите апликации

Axiomtek дизајнираше издржлив модуларен индустриски компјутер за апликации кои бараат робусност, флексибилност, и висок перформанс. Модуларниот fanless вградлив систем IPC962-511 со 2 приклучоци промовира ултракомпактно куќиште и оптимални опции за експанзија кај апликации во најсурови индустриски средини.

Бенефиции со висок перформанс и многу влезови

Матичната плоча на овој fanless индустриски систем со 2 приклучоци има широк избор на процесирачки единици од Celeron до Core i7 модели, и поддржува до 32GB DDR4 2133 Mhz работна меморија.

Богатиот избор на интерфејси вклучува: 2 Gigabit LAN портови, 4 USB 3.0, VGA и HDMI и аудио влез (Mic-in/out). Додатокот PCI Express Mini Card Ви овозможува да додадете модули за 3G/4G, GPS, Wi-Fi, и Bluetooth апликации.

Кликнете тука за флаер

Сакате да набавите наши опрема?

Посетете ја нашата B2B продавница

Искусете разноликост

Axiomtek модел IPC962-511

За да ги исполни различните барања за тип и број на конектори, модуларниот индустриски компјутер има I/O приклучоци и разни I/O модули, меѓу кои RS-232/422/485 сериски портови со 4 или 2 влезови, и DIO модул со 8 или 4 влезови и излези.

Достапни се и 2 PCI/PCIe приклучоци за картички со можна комбинација од PCIe x16, PCIe x4, и PCI магистрали. За поголема количина на податоци, постои можност за конекција на два 2.5″ SSD/HDD преку диск конектор кој овозможува нивна брза замена (hot swap). Системската конфигурација поддржува Linux и Windows 10 оперативни системи, и Axiomtek AXView софтверски пакет за далечински пристап и контрола.

Карактеристики

  • LGA1151 приклучок 7th/6th gen Intel® Core™ i7/i5/i3 & Celeron® процесор, до 65W (шифра: Kaby Lake/Skylake)
  • Intel® H110 chipset
  • поддржува 2 приклучоци за експанзија
  • напојување: 24 VDC (uMin=19V/uMax=30V)
  • компактен преден I/O дизајн
  • -10°C до +60°C работна температура
  • поддржува 2 x 2.5″ HDD
  • поддржува WLAN модул & антена (опционално)
Axiomtek IPC962-511 модуларен компјутер

Сакате да дознаете повеќе?

Axiomtek modular industrial PC IPC962-511

Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.

Subscribe to our newsletter!

    Contact form 7 Mailchimp extension by Renzo Johnson - Web Developer

    Don’t miss other related news

    Don’t miss other news