Индустриска firewall заштита од Hirschmann
EAGLE индустриската firewall заштита од Hirschmann е напредно решение за заштита на цела индустриска мрежа. Моделите EAGLE20 и EAGLE30 на индустриска firewall заштита промовираат повеќе опции за конфигурација, и гарантираат лесен менаџмент и највисоко ниво на мрежна сигурност.
Највисока мрежна сигурност
Hirscmann моделите EAGLE20 и EAGLE30 на индустриска firewall заштита поддржуваат до 8 влезови. Уредите имаат метално куќиште со систем за ладење погодно за монтажа на DIN-шина. Поддржуваат Fast Ethernet, Gigabit Ethernet, и SHDSL протоколи.
Производителот посветил големо внимание на новиот Hirschmann HiSecOS 3.0 – оперативен систем за сигурност кој овозможува конфигурација по мерка, и лесен и детален преглед на мрежен сообраќај. Паралелно, гарантира оптимален мрежен перформанс што значи не Ви требаат повеќе рутери.
Промовира и напредни сигурносни карактеристики како DPI (Deep Packet Inspection) и FLM (Firewall Learning Mode) кои гарантираат највисоко ниво на мрежна сигурност и лесен менаџмент.
Инспекција на големи податочни пакети
DPI карактеристика е метод за инспекција на содржината на големи податочни пакети кога поминуваат низ одредена контролна точка од мрежата. Стандардни методи за инспекција проверуваат само информација за заглавјето на пакетот, т.е. дестинациона IP адреса, изворна IP адреса, и број на порт.
DPI проверува поголема количина на метаподатоци и податоци поврзани со секој пакет конектиран со уредот. Процесот на инспекција вклучува проверка и на заглавјето и на содржината на податочниот пакет.
Заштита за Вашата мрежа
FLM (Firewall Learning Mode) функцијата ја олеснува поставката на уредот. Во learning режим, го снима и анализира тековниот мрежен сообраќај низ firewall уредот.
Потоа, програмата ги прикажува изворните и дестинационите адреси на уредите кои пренесуваат податоци. Корисникот лесно креира правила за да прифати или одбие сообраќај од одредени уреди.
Карактеристики
- Достапни повеќе портови за заштеда на трошоци и флексибилност
- DPI функција за гарантиран интегритет на мрежни пакети
- Едноставна firewall конфигурација со еден клик
- Дополнителни протоколи за редундантност на рутер, меѓу кои Virtual Router Redundancy Protocol (VRRP) за намален застој
- Поддржува SHDSL интерфејси – овозможена WAN комуникација преку наследна архитектура за телефонски кабли
Индустриски стандарди
- Подстаници: EN 61850-3, IEEE 1613
- Заштита при работа: EN 60950-1, UL 60950-1, EN 61131-2 (Class 1 опрема)
- Контрола на мрежен сообраќај: NEMA TS 2
- Железнички сообраќај: EN 50121-4
- Радио опрема: CE, FCC
- Опасност: ISA-12.12.-01 Class 1 Div
Сакате да дознаете повеќе?
Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.
Subscribe to our newsletter!