Индустриски лизгачки прстени
Индустриски лизгачки прстени, фибероптички ротациони спојници, и флуидни ротациони интерфејси од Moog Ви гарантираат пренос на сигнали од стационарен до ротирачки дел од Вашата уред.
Иновативни решенија
Moog креира иновативни решенија во областа на моторни драјвови од 1951. Нивните производи за напредна контрола на движење се дизајнирани и произведени за апликации во воздухопловство, одбрана, индустрија, и медицина – апликации каде прецизната контрола на брзина, сила, забрзување, и проток на флуиди е клучна.
Лизгачките прстени од Moog овозможуваат пренос на сигнали од стационарен до ротирачки дел од Вашиот уред. Нивното портфолио за контрола на движење вклучува и фибероптички ротациони спојници, разни мотори и сервомотори, и други производи за прецизна контрола на движење.
Лизгачки прстени со докажано врвен квалитет
Лизгачки прстен може да се користи во секој електромеханички систем кој ротира додека пренесува моќност и/или податоци. Може да го подобрите механичкиот перформанс, да ја поедноставите работата на системот, и да елиминирате жици склони на оштета кои висат од движечки спојници.
Може да ги користите во индустриска автоматика, сигурносни контролни системи, медицинска опрема, радарски системи, ветерници, далечински управувани возила… Лизгачките прстени се дефинирани од бројот на канали (2–128) и нивната намена (струен/напонски/податочен сигнал). Шупливи лизгачки прстени имаат централен отвор дизајниран за осовина.
Голем избор на лизгачки прстени
За повисока ротациона брзина
Максимална ротациона брзина до 250 rpm. За поголема брзина до 10,000 rpm, достапни се специјални лизгачки прстени без дополнителна опрема за ладење.
Со поголем дијаметар за поголеми струи
Дијаметарот надминува 1.7 m. За разни апликации за пренос на поголеми струи (до 300 A) на повисок напон (до 1000 V), и ротациона брзина до 300 rpm.
За податочен и видео пренос
Овозможуваат Ethernet комуникација преку ротационен интерфејс. Многу решенија кои ги исполнуваат Вашите потреби.
Фибероптички ротациони спојници
Доколку сакате да пренесувате оптички сигнали од статорот до роторот, особено поголема количина, најпогоден избор се фибероптички ротациони спојници. Тие ги одржуваат карактеристиките на влакното од еден до друг крај.
Достапни се варијанти со еден или повеќе канали. Тие може да бидат интегрирани во постоечки лизгачки прстени.
Варијанти на фибероптички ротациони спојници
Фибероптички ротациони спојници со еден или повеќе канали се најефикасна варијанта во однос на трошоци и димензии. Тие се пасивни, двонасочни, имаат робусен дизајн од нерѓосувачки челик или елоксиран алуминиум со долг работен век. Достапни се повеќе модели на фибероптички ротациони спојници со повеќе канали.
Хибридни фибероптички ротациони спојници комбинираат електрични лизгачки прстени со фибероптички ротациони спојници. Пренос на сигнал преку фибероптика има голем пропусен опсег, имунитет на ЕМ интерференција, и висока доверливост.
Флуидни ротациони интерфејси за проток на флуиди
Флуидни ротациони интерфејси се користат за доверлив пренос и контрола на флуиди. Робусните интерфејси имаат пломби избрани врз основа на хемиска компатибилност, притисок, температура, потребно одржување, и прифатлива стапка на истекување. Може да се комбинираат со електрични лизгачки прстени и фибероптички ротациони спојници.
Интерфејсот на сликата има 2 канали за моќност и повратна информација на брзина до 120 rpm. Работна температура од -40 °C до +75 °C.
Сакате да дознаете повеќе?
Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.
Subscribe to our newsletter!