Колаборативни роботи со AIRSKIN
Safety сензорот за допир Airskin претставува револуција во роботика. Сензорот ја подобрува интеракцијата помеѓу човек и робот.
Револуционерен safety сензор за допир
Safety сензорот за допир Airskin од Blue Danube Robotics, претставува револуција во роботика каде сведочиме на пораст во интеракција меѓу човек и робот.
Бенефити се отстранување на заштитни огради кои ја ограничуваат работната зона на роботот, зголемена работна ефикасност, и намален застој на робот.
Доколку роботот се судри со оператор, тогаш роботот застанува, а продолжува со работа откако операторот ќе притисне одредено копче, одредена гестикулација, или по одредено изминато време.
Едноставна интеракција
Според ISO 10218-2, постојат 3 степени на работа меѓу човек и робот: одделна работа, соработка, и интеракција. При степен на одделна работа, роботот и човекот работат во одделни временски периоди во заедничка работна зона. При соработка, роботот служи како компензатор на гравитација или некомфорни движења. Роботот се движи само на барање на операторот за да му асистира при движење на потежок товар и работа со потежок алат.
При интеракција, роботот-учесник преку неговиот дизајн или помош од додатоци е свесен за неговата околина, автономно работи, и соработува со човек на ист начин на соработка меѓу двајца луѓе.
Вистински колаборативен робот
Типични решенија кои овозможуваат имплементација на колаборативни роботи се пасивни лимити на сила и моќност при допир. На пример, заоблени рабови, поголема контактна зона, дополнителна постава, лимитирана маса.
Исто така, треба да имате во предвид и активни лимити на сила и вртлив момент при допир во спојките на роботот (мерачи на сила и вртлив момент на врвот и/или во спојките за детекција на судир, контрола на импеданса, лимитирана брзина на движење во спојките на робот, лимитирана инерција).

Без повреди

Некои истражувања за праг на болка и повреда на човек од робот препорачуваат дека неопходно е да се намали брзината на роботот до 250 mm/s, а силата до 150N со цел намален ризик за повреда. При судир, преносната сила може да има двапати поголема вредност, но за максимални 500 ms.
Дополнителни механизми за имплементација на колаборативен робот може да бидат решенија со камера и решенија со заштита на сегменти од робот (пасивна и/или активна заштита, капацитивни или оптички сензори за активна заштита и мерење на близина на оператор, или мерење и детекција на температура на човек).
Safety влошки – кожата на Вашиот робот
Револуционерна и уникатна светска иновација во полето на колаборативни роботи, која го трансформира Вашиот индустриски робот во колаборативен или го подобрува Вашиот постоечки колаборативен робот, е патентираното роботско одело AIRSKIN.
AIRSKIN е “кожа” со која го опремуваме традиционалниот робот. “Кожата” е мек сензор на допир сензитивен на притисок, кој содржи влошки кои може да имаат различна дебелина за пасивна заштита во зависност од карактеристиките на апликацијата.

Компоненти на AIRSKIN
AIRSKIN има сензор и мала пиезоелектрична пумпа која одржува одреден притисок на воздух во влошката. Максимум 15 влошки кои се монтирани на роботот преку потпорен слој (види слика) може да се конектираат во серија преку 2 OSSD safety излези директно на safety влезови на контролерот на роботот.


Safety сензор за допир и негови предности

Предности на AIRSKIN решението се максимална брзина на робот (до 800 mm/s), брзо време на одѕив (до 9 ms), нагодување на дебелина за пасивна заштита според барања на апликација. Единствено во светот или ретко видено решение за роботи.
Како резултат на помала потребна зона (простор), поголема работна ефикасност (брзина), и иновација за намален ризик (безбедност), решението носи огромен бенефит за Вашата компанија.
Safety сензор за допир и негови предности
Уште едно иновативно решение е магнетна конекција на сензорот за превенција од оштета на изложените кабли кога тие се рутирани до надворешноста на роботската рака.
Кабелот на сензорот е едноставно одделен од другиот дел на конекторот, кој има контакт преку магнетна сила меѓу двата делови. Има до безбедносно ниво PLe cat 3 (ISO 13849), или SIL3 (EN 62061). Сертифициран од TÜV Austria.

Стандарди

Сакате да дознаете повеќе?
Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.

Subscribe to our newsletter!