Компактна RFID read/write глава
Turck моделот TB-Q08 HF е најмала RFID read/write глава на пазарот која е погодна за употреба во ограничени услови на монтажа. Во комбинација со Turck BL ident RFID системот може да имплементирате едноставна заштита на Вашиот бренд, заштита на пристап, и контрола на пристап.
Монтажа во ограничени услови
Во индустрија, RFID системите најчесто се користат кај внатрешни транспортни системи, на пр.: конвеери, транспорт на палети, итн. Но, може да се користат и за идентификација на алат. За таа цел Turck, како лидер за индустриски RFID системи, воведе нова read/write глава. Моделот TB-Q08 е моментално најмала ISO15693 усогласена RFID read/write глава на пазарот. Моделот има IP67 класа на заштита.
Благодарение на компактниот правоаголен дизајн и 15 cm долгиот кабел, моделот TB-Q08 е особено погоден за употреба во ограничени услови за монтажа, како кај мали линии за склопување и транспорт. Идентификација на алати како на пр. алати за лиење на калапи е идеална апликација за новата read/write глава.
Заштитена идентификација
Во прилог на компактните 32 mm x 20 mm x 8 mm димензии, и антената и електрониката се интегрирани во исто куќиште. Два LED индикатори видливи од сите насоки покажуваат статус на напојување, а и активна read/write работа на корисник.
Во комбинација со R10 и R12 тагови, моделот TB-Q08 може максимално да го искористи својот капацитет за идентификација на метални објекти. Таговите може да бидат директно монтирани на металот, а се опремени со чип кој поддржува функции со лозинка. Во комбинација со Turck BL ident RFID системот, може да имплементирате едноставна заштита на бренд (превенција од неовластено копирање), заштита на пристап, контрола на пристап (само за овластени лица), итн.
Сакате да дознаете повеќе?
Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.
Subscribe to our newsletter!