Решенија за Идентификација
развој на решенија со наша помош
Решенијата за Идентификација Ви овозможуваат да снимате, прибирате, и пренесувате податоци за автоматска идентификација на објекти. Потпрете се на решенијата за Идентификација по Ваша мерка обезбедени од експертите на Типтех со цел пораст на Вашата работна ефикасност во производство и логистика при што се подобрува контролата на квалитет и докажано се создава флексибилна инвестиција во иднина.
Пораст на продуктивноста преку автоматска Идентификација
Автоматска идентификација или следливост во производство и логистика може да обезбеди навремена и точна информација до менаџерот при што се укинуваат времето и трудот за детекција на грешка, и недоверливо традиционално прибирање на податоци.
Многу години наназад, различни системи за Идентификација беа помеѓу основните компетенции на Типтех. Ние нудиме богат асортиман на високо квалитетни производи кои ќе Ви овозможат максимална флексибилност, доверливост, и системска достапност.
Нашите консултантски и инженерски услуги Ви гарантираат дека Вие ќе имате најдобро Решенија за Идентификација за Вашата апликација.
Технологии за решение на Ваши предизвици
Како резултат на различни типови на објекти од долга низа на производни и логистички процеси, потребна е повеќе од една единствена технологија со цел точно извршување на идентификација специфична за некој Ваш предизвик. Сите системи подолу претставени ќе Ви овозможат да пренесете големо количество на податоци во мал формат.
Насоки од план до интеграција
Многу фактори треба да бидат земени во предвид при план за интеграција на ефективен Решенија за Идентификација. Инженерите на Типтех Ви обезбедуваат нивни услуги во тек на цел проектен циклус.
Тие ги следат Вашите потреби и барања, почнувајќи од избор на оптимална RFID технологија, преку избор на соодветни RFID тагови и интерфејси, па сè до беспрекорен почеток и оптимална интеграција со контролен- или IT систем.
Автоматска Идентификација во Ваша полза
Прочитајте најновите вести од Решенија за Идентификација
Баркод читач DCR200i за брза идентификација
Баркод читач базиран на камера. Брза, и доверлива идентификација. Оптимална следливост. Инстант интеграција. Повеќе протоколи за комуникација. Широк спектар на апликации.
PowerGrid технологија за доверливо DPM баркод читање
Моќна PowerGrid технологија од Cognex за декодирање и на тешко читливи DPM баркoдови со оштетени или целосно отсутни витални елементи.
Cognex 1-D/2-D баркод читач DataMan 8600 серија
Напредна технологија за доверливо читање и на разновидни 1-D баркодови и на најсложени 2-D и DPM баркодови во најсурови индустриски средини.
Turck идентификација RFID систем – заштита
Најмала RFID read/write глава на пазарот погодна за употреба во ограничени услови на монтажа. IP67 класа на заштита. Компактен правоаголен дизајн, 15 cm долг кабел! Широк спектар на апликации!
Cognex баркод читач DataMan 360 серија
DataMan 360 серија за највисока стапка на читање на 1D и 2D кодови, најфлексибилна оптика и осветлување, интелигентно нагодување, и експресна поставка.
Баркод читачи DataMan 150/260 серии
Фиксни Cognex баркод читачи од DataMan 150/260 серии со највисока стапка на читање благодарение на брз и моќен софтвер кој користи најнови Cognex алгоритми.
Претплатете се на нашиот весник!
Вие ќе добивате квалитетни вести и потсетници за вебинари за водечка опрема во автоматиката со цел да бидете чекор пред Вашата конкуренција.