Најбрз MICRO PLC во светот
MICRO PLC контролерот е најнов модел од YASKAWA VIPA Controls, кои се приклучија во Yaskawa групацијата пред неколку години. Здружените компании придонесоа за дизајн на моќен, минијатурен, и атрактивен MICRO PLC контролер. Комбинацијата од висока функционалност, одличен перформанс, и минијатурност Ви носат нови можности за оптимален процес и подобри перформанси. И кај помали машини и уреди.
Револуционерен дизајн
Како што кажува и неговото име, MICRO PLC контролерот од Yaskawa е екстремно компактен контролер. Со само 72 mm ширина е за 50% помал од слични производи на пазарот. Контролерот може да се прошири преку 8 модули.
Но, нека не Ве мами неговата димензија. Контролерот се базира на SPEED7 технологија, која овозможува екстремно брзо процесирање. Така, тој е погоден и за сложени апликации како прецизно позиционирање. Со ваков процесор, MICRO PLC контролерот е најбрз микро контролер во светот.
До 8 модули за експанзија
Контролерот има 30 интегрирани дигитални I/O терминали. Нивниот број може да се зголеми преку конекција до 8 модули за експанзија за вкупно 158 сигнали. Секој сигнал има LED диода за индикација на статус. Едноставниот дизајн на терминали овозможува брзо ожичување и одржување, што го намалува потенцијалниот застој. Клемите се поотпорни на вибрации, и не треба да бидат периодично проверени дали се цврсто затегнати.
LED диодите поставени веднаш до I/O конекторите овозможува лесно да го видите нивниот статус, без разлика на нивниот густ распоред. MICRO контролерот е опремен и со веб-сервер за пристап до податоци, дијагностика, и статус. Исто така, Вие може да ја следите Вашата претходно креирана апликација преку веб-серверот.
Комуникација за сите апликации
MICRO PLC контролерот содржи 2 портови за мрежен пристап, програмирање, и комуникација преку Ethernet TCP/IP протоколи (Modbus TCP, Ethernet). Контролерот може да се користи и како PROFIBUS slave единица. Достапен е и за PROFINET комуникација. Може да поврзете и до 8 PROFINET уреди, и да го конфигурирате како уред во PROFINET топологија.
Новиот MICRO PLC контролер може да се користи и кај стандардни и кај уникатни машини. Може да исполни разни задачи како централизиран или децентрализиран контролер во процесна индустрија. Благодарение на компактниот дизајн, тој е совршено погоден и за автоматизација на градбени објекти.
Сакате да дознаете повеќе?
Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.
Subscribe to our newsletter!