I/O модули за ефикасна контрола на производна линија
TBEN-L I/O модулите од Turck ќе Ве убедат со нивната мултипротоколарна поддршка која ќе Ви помогне да воспоставите комуникација во EtherNet/IP, Modbus TCP, и Profinet мрежа. I/O модулите може да се користат и како протоколарни конвертори за да воспостават комуникација помеѓу производни линии со различни комуникациски стандарди. Модулите Ви нудат и двонасочен проток на податоци кој ја олеснува комуникацијата помеѓу master контролери. Така лесно може да снимите податоци од цела линија за ефективен менаџмент на цел процес.
Автоматизација со робусни IP67 I/O модули
Turck Ви нуди робусни модели на TBEN-L модули за најсурови работни средини. I/O модулите имаат дополнително армирано фибероптичко куќиште отпорно на вибрации и шок. Електрониката во модулот е комплетно затворена што овозможува IP67 класа на заштита.
Благодарение на високата класа на заштита, Вие може да ги интегрирате I/O модулите директно на Вашата производна линија. Отпорноста на високи температури овозможува да ги користите во апликации со температурен опсег помеѓу -40 °C и +70 °C. Овие температури предизвикуваат проблеми за најголем број конкурентни I/O модули.
Скалирана функционалност
Вие може да додадете и разни логички функции за да ги интегрирате модулите на линијата како самостојни FLC контролери. Логичките функции вклучуваат аритметички, временски, и бинарни функции.
TBEN-L модулите поддржуваат и ARGEE online софтверска околина преку која можете далечински да го напишете, извршите, симулирате, тестирате, и контролирате програмскиот код на модулот.
Импресивни карактеристики
- Квалитетно куќиште – отпорно на вибрации и деформитети
- Високи класи на заштита: IP65/IP67/IP69K
- Широк опсег на работна температура: од -40 °C до +70 °C
- Мултипротоколарна Ethernet поддршка: TCP, EtherNet/IP, и PROFINET
- Поддршка за ARGEE веб софтверска околина
- Опција како самостоен FLC контролер
Лесна инсталација
- Лесна инсталација и конфигурација
- Објавени податоци на веб-сервер за додатна дијагностика
- Автоматско препознавање на комуникациски протокол
- Поддржани протоколарни функции: PROFINET: Fast Start-Up (FSU), EtherNet/IP: QuickConnect (QC), PROFINET: Media Redundancy (MRP) EtherNet/IP: Device Level Ring (DLR)
- Излези до 2 A (и генерички I/O)
- Подобар концепт за заземјување
Други предности
Сакате да дознаете повеќе?
Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.
Subscribe to our newsletter!