MQTT
Message Queuing Telemetry Transport
MQTT претставува водечки TCP/IP machine-to-machine/IoT комуникациски протокол за Индустрија 4.0, кој обезбедува податочна размена во рамки на мрежа од уреди. Ова е лесен open-source комуникациски модел врз основа на publish/subscribe принцип со брзо време на одѕив. Работата со MQTT протоколот е брза и едноставна. Тој претставува добар избор за уреди со мала големина и ниска енергетска потрошувачка. Неговите минимални режиски трошоци гарантираат фин податочен пренос со низок пропусен опсег.
“Publish/subscribe” комуникациски метод
Благодарение на едноставен publish/subscribe комуникациски метод, MQTT претставува интересен протокол за употреба во мобилни апликации во кои клучни се енергетска ефикасност и доверлив податочен пренос. publish/subscribe методот нуди алтернатива на традиционалниот HTTP клиент-сервер модел каде клиентот директно комуницира со крајната точка.
Разликата е во тоа што клиентот во publish/subscribe моделот не го извлекува податокот од серверот, туку ја прима пораката релевантна на содржината на која се претплатил од серверот. За комуникација потребна е доверлива TCP врска. Доколку истата е прекината, серверот може да складира податоци во податочен бафер, а кога врската ќе биде повторно воспоставена истите ќе ги прати до клиентите.
Податочен пренос управуван од настан
Централна комуникациска точка е т.н MQTT брокер кој комуницира со клиенти (издавачи и претплатници) преку Интернет врска или локална мрежа. Издавач создава пораки кои ги објавува во одредена содржина.
Податочен пренос управуван од настан значи дека податок е предаден кога се случила промена (или на временски интервали). Претплатник прима пораки релевантни на содржината на која е претплатен.
Како стандардна пракса, содржините треба да следат хиерархија која дозволува логичко групирање/уредување за мрежа од сензори.
Прочитајте најновите вести од Мрежна опрема
Моќни ласерски триангулациски сензори
Micro-Epsilon ласерски сензор дизајниран за прецизни и брзи мерења на поместување, растојание, и позиција.
R.T.A. решенија за чекорни мотори со врвен квалитет
Обезбедете прифатливо, робусно, доверливо, и едноставно решение за контрола на чекорни мотори. Широк спектар на модели за разни индустриски апликации!
Машински вид за колаборативни роботи
Photoneo, лидер за решенија за 3D машински вид за колаборативни роботи е сертифициран од Universal Robots. Широк спектар на апликации!
Basler камери за 3D машински вид Blaze по атрактивна цена
3D слики во реално време со Basler blaze камера. Намалете ги Вашите вкупни системски трошоци, и поефикасно дизајнирајте ги Вашите 3D апликации.
EtherCAT-P, податоци и напојување во еден кабел
EtherCAT-P конектори од Escha поддржуваат заеднички пренос на податоци и напојување преку индустриски докажан и компактен M8x1 интерфејс.
Колаборативни роботи со AIRSKIN safety сензор за допир
Safety сензор за допир Airskin е револуционерно решение во роботика. Гарантирано подобра интеракција меѓу човек и робот.
Претплатете се на нашиот весник!
Вие ќе добивате квалитетни вести и потсетници за вебинари за водечка опрема во автоматиката со цел да бидете чекор пред Вашата конкуренција.














