MQTT
Message Queuing Telemetry Transport
MQTT претставува водечки TCP/IP machine-to-machine/IoT комуникациски протокол за Индустрија 4.0, кој обезбедува податочна размена во рамки на мрежа од уреди. Ова е лесен open-source комуникациски модел врз основа на publish/subscribe принцип со брзо време на одѕив. Работата со MQTT протоколот е брза и едноставна. Тој претставува добар избор за уреди со мала големина и ниска енергетска потрошувачка. Неговите минимални режиски трошоци гарантираат фин податочен пренос со низок пропусен опсег.
“Publish/subscribe” комуникациски метод
Благодарение на едноставен publish/subscribe комуникациски метод, MQTT претставува интересен протокол за употреба во мобилни апликации во кои клучни се енергетска ефикасност и доверлив податочен пренос. publish/subscribe методот нуди алтернатива на традиционалниот HTTP клиент-сервер модел каде клиентот директно комуницира со крајната точка.
Разликата е во тоа што клиентот во publish/subscribe моделот не го извлекува податокот од серверот, туку ја прима пораката релевантна на содржината на која се претплатил од серверот. За комуникација потребна е доверлива TCP врска. Доколку истата е прекината, серверот може да складира податоци во податочен бафер, а кога врската ќе биде повторно воспоставена истите ќе ги прати до клиентите.
Податочен пренос управуван од настан
Централна комуникациска точка е т.н MQTT брокер кој комуницира со клиенти (издавачи и претплатници) преку Интернет врска или локална мрежа. Издавач создава пораки кои ги објавува во одредена содржина.
Податочен пренос управуван од настан значи дека податок е предаден кога се случила промена (или на временски интервали). Претплатник прима пораки релевантни на содржината на која е претплатен.
Како стандардна пракса, содржините треба да следат хиерархија која дозволува логичко групирање/уредување за мрежа од сензори.
Прочитајте најновите вести од Мрежна опрема
PLC контролер Unitronics во словенечки DIHAM респиратор
Партнерите од DIHAM проектот развија медицински респиратор со Unitronics PLC контролер кој потенцијално треба да биде произведен во Словенија.
Далечинско одржување во индустрија
Многубројни бенефити од далечински пристап за одржување, активна контрола, и менаџмент на уреди. Гарантирано поефикасна работа во индустрија.
Индустриски чекорни мотори и EtherCAT драјвови
Бенефити со идеална комбинација на индустриски чекорни мотори и EtherCAT драјвови од RTA за доверлив погон на Вашите машини.
IoT платформа – едноставен менаџмент на IIoT уреди
Axiomtek AMS софтвер за визуелизација на податоци, cloud конекција, намалено време за развој на IoT проект.
Micro-Epsilon ласерски скенери LLT25xx и LLT30xx серии
Мерење и анализа на профили од различни површини, и детекција на дефекти. Гарантирано точно производство со врвни бесконтактни профил сензори.
Hengstler апсолутен Profinet енкодер
Стекнете предност со апсолутни енкодери од ACURO серија за полесен процес на дизајн на уред. Доверлива комуникација!
Претплатете се на нашиот весник!
Вие ќе добивате квалитетни вести и потсетници за вебинари за водечка опрема во автоматиката со цел да бидете чекор пред Вашата конкуренција.














