MQTT
Message Queuing Telemetry Transport
MQTT претставува водечки TCP/IP machine-to-machine/IoT комуникациски протокол за Индустрија 4.0, кој обезбедува податочна размена во рамки на мрежа од уреди. Ова е лесен open-source комуникациски модел врз основа на publish/subscribe принцип со брзо време на одѕив. Работата со MQTT протоколот е брза и едноставна. Тој претставува добар избор за уреди со мала големина и ниска енергетска потрошувачка. Неговите минимални режиски трошоци гарантираат фин податочен пренос со низок пропусен опсег.
“Publish/subscribe” комуникациски метод
Благодарение на едноставен publish/subscribe комуникациски метод, MQTT претставува интересен протокол за употреба во мобилни апликации во кои клучни се енергетска ефикасност и доверлив податочен пренос. publish/subscribe методот нуди алтернатива на традиционалниот HTTP клиент-сервер модел каде клиентот директно комуницира со крајната точка.
Разликата е во тоа што клиентот во publish/subscribe моделот не го извлекува податокот од серверот, туку ја прима пораката релевантна на содржината на која се претплатил од серверот. За комуникација потребна е доверлива TCP врска. Доколку истата е прекината, серверот може да складира податоци во податочен бафер, а кога врската ќе биде повторно воспоставена истите ќе ги прати до клиентите.
Податочен пренос управуван од настан
Централна комуникациска точка е т.н MQTT брокер кој комуницира со клиенти (издавачи и претплатници) преку Интернет врска или локална мрежа. Издавач создава пораки кои ги објавува во одредена содржина.
Податочен пренос управуван од настан значи дека податок е предаден кога се случила промена (или на временски интервали). Претплатник прима пораки релевантни на содржината на која е претплатен.
Како стандардна пракса, содржините треба да следат хиерархија која дозволува логичко групирање/уредување за мрежа од сензори.
Прочитајте најновите вести од Мрежна опрема
UniStream PLC со виртуелен HMI
UniStream USC серија на PLC контролер без HMI интерфејс. Задржете ги сите функционалности на моќната UniStream фамилија и намалете ги Вашите трошоци.
Yaskawa микродрајв GA500, за секоја апликација
Компактен и флексибилен, GA500 има вредни функции и паметни карактеристики за бенефити во текот на цел работен век.
Schmersal safety модул PROTECT SRB-E-FWS-TS
Два нови модели на Schmersal safety модули кои гарантираат безбедност на Вашите машини, и следат друго опасно движење.
Робусен IP67 индустриски компјутер eBOX800-511
eBOX800-511-FL fanless вградлив систем претставува иновативно и доверливо решение за критични апликации во надворешни услови.
Axiomtek fanless еdge систем eBox560-900, за попаметни системи
Вградлив Axiomtek eBox систем со Nvidia Jetson модул адаптиран за операции во невронски мрежи и развој на апликации со AI.
AIRSKIN safety сензор за допир за прифатливи колаборативни роботи
Со AIRSKIN од Blue Danube Robotics, трансформирајте го секој индустриски робот во колаборативен, или надградете го постоечкиот колаборативен робот.
Претплатете се на нашиот весник!
Вие ќе добивате квалитетни вести и потсетници за вебинари за водечка опрема во автоматиката со цел да бидете чекор пред Вашата конкуренција.














