Фотоќелија за сложени апликации
Leuze ретро-рефлективната фотоќелија со поларизирана светлина од 46C серија има до 80% зголемена функционална резерва во споредба со претходни модели.
Зголемена функционална резерва
До 80% зголемената функционална резерва овозможува две значајни подобрувања:
- подобра и поефикасна екстракција на амбиентална светлина од околината, сега сензорот е практично комплетно несензитивен на амбиентална светлина
- автоматско нагодување на сензитивноста во случај на појава на несовршености на стакленцето или на околна рефлексија
Зголемена доверливост, намален застој
Погоренаведените подобрувања значат зголемена доверливост при секакви услови, и намален застој на производство. Тоа доведува до погодна употреба на SR 46C фотоќелијата за конвеери во дрвопреработувачка индустрија, или за специјални машини кои бараат висока доверливост.
Фотоќелијата е погодна за работа на температура од -40 °C до + 60 °C , и има IP67 или IP69K класа на заштита што значи дека може да се користи и во најсурови средини.
Запознајте ја цела фамилија
Достапни се следните модели:
- Светлосна бариера за голема функционална резерва, и опсег до 150m
- Дизајн за рефлексија од огледало во комбинација со многу мали огледала особено погодни за правливи средини и детекција на транспарентни фолии
- Верзија со RK 46 VarOS светлосна трака како специјална верзија на фотоќелија со дизајн за рефлексија од огледало со цел детекција на објекти со невообичаена форма
- Сензор од SR 46C фамилија нуди најголемо растојание во својата класа, т.е може доверливо да детектира објекти оддалечени до 3 m
Сакате да дознаете повеќе?
Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.
Subscribe to our newsletter!