Вилушкасти сензори Leuze
Исклучително сензитивни вилушкасти сензори од Leuze за доверлива, брза, и прецизна детекција на етикети кај машини за етикетирање. Имајте бенефит од првиот светски комбиниран вилушкаст сензор GSX14E. Благодарение на неговата напредна технологија, детектира етикети без разлика на карактеристики на материјал и површина.
Кај машини за етикетирање
Највообичаена апликација со вилушкасти сензори е детекција на етикети кај машини за етикетирање. Во индустрија за пакување, етикетирањето е најчесто автоматско, а етикетите имаат различна форма, димензии, материјал, и текстура. Времето за точно поставување на етикета е најчесто многу ограничено. Осигурајте доверлива детекција на етикети и неверојатно кусо време на одѕив!
Овие барања се исполнети со вилушкасти сензори од Leuze, како комбинација од предавател и приемник во еден уред. Стекнете предност со нивната исклучителна сензитивност, и лесно монтирање без потреба за подредување.
Ултразвучна и оптичка детекција во 1 куќиште
GSX14E вилушкастиот сензор комбинира методи за оптичка и ултразвучна детекција во исто куќиште. Комбинацијата од предности на двата методи овозможува доверлива, брза, и прецизна детекција на различни етикети. Материјалот, текстурата, формата, и димензиите на етикета не се ограничени.
Дури и етикети од хетероген BOPP материјал може да бидат доверливо детектирани преку оптички работен принцип. Вилушкастиот сензор е идеален за Вашата апликација со многу етикети кои треба да се детектираат. Во минатото за таа цел биле потребни различни сензори.
Предности на комбинирани вилушкасти сензори
- Доверлива детекција на етикети со различна текстура и материјал за гарантирано висок пропусен опсег на машина и без застој
- Не треба повторна конфигурација на сензор при замена на ролна етикети за поголем производен волумен
- Брза и лесна конфигурација на сензор со едноставно учење преку teach тастер
- IO-Link за лесна интеграција на додатни функции, и конфигурација преку PLC
Детекција на нетранспарентни етикети
Барања:
- доверлива детекција на нетранспарентни етикети (или празнини меѓу етикети)
- доверлива детекција на етикети со сложена форма
- лесна конфигурација на сензор за сите типови етикети
Решение:
- GS61 и GS63B оптички вилушкасти сензори детектираат секакви нетранспарентни етикети, дури и со нестандардни форми и надворешни линии
- Вашата машина може да биде опремена со единечен вилушкаст сензор
- сензорот лесно се конфигурира преку потенциометар или “teach” копче
- тенок дизајн за лесна инсталација во близина на издадена точка
Детекција на полу- или целосно транспарентни етикети
Барања:
- доверлива детекција на полу- или целосно транспарентни етикети (или празнини меѓу етикети)
- доверлива детекција на етикети со сложена форма
- лесна конфигурација на сензор за сите видови етикети
Решение:
- GSU12, GSU14E, и IGSU14E ултразвучни вилушкасти сензори детектираат секаков вид етикети, дури и со нестандардна форма и надворешни линии
- GSX14E вилушкаст сензор може доверливо да детектира етикети од хетероген BOPP материјал
- Вашата машина може да биде опремена со единечен вилушкаст сензор без разлика на апликација
Сакате да дознаете повеќе?
Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.
Subscribe to our newsletter!