AR решенија за мобилни вработени
Дигитализирајте процеси за Вашите мобилни вработени со AR-овозможени решенија – беспрекорно интегрирани со носливи и мобилни уреди – зголемена продуктивност, ефикасност, и квалитет низ целиот ланец на вредности.
Опремете ги Вашите вработени со AR
80% од работната сила во светот работи во движење, па опремете ги со вистински алатки за успех. Користете TeamViewer Frontline, AR платформа за да ја зголемите нивната продуктивност, намалена стапка на грешка, и зголемен квалитет на производ и услуга – и тоа по намалена цена.
Платформата подобрува работна ефикасност и ги олеснува процесите за оние кои работат надвор од својата канцеларија и биро. Преземете прв чекор и видете како Teamviewer Frontline може да ги подобри Вашите процеси во логистика, производство, одржување, поправка, итн.
Далечинска поддршка со xAssist
Доколку се случи дефект и застој на постројка, брзо се натрупуваат трошоци. Сервисот во овој случај е временски критичен. Со xAssist решението за далечинска поддршка лесно може да поврзете експерт со Вашиот работник во погон.
Благодарение на паметни очила, експертот од далеку може да го види истото она што го гледа и техничарот. Ова е овозможено преку видео и аудио пренос во реално време. Функциите како AR маркери овозможуваат експертот визуелно да дава инструкции. Рацете на работникот се слободни, па така може веднаш да ги следи инструкциите. Повеќе корисници може да учествуваат во повикот што овозможува поддршка и од надворешни експерти.
Отклучете можности
Со минимални застои и намалени патни трошоци, постигнувате брз поврат на инвестиција. Далечинска поддршка помага за пренос на знаење без загуба на информација. Пополнете ги празнините во Вашата компанија и поедноставете го процесот на носење на одлуки.
xAssist може да им даде поддршка и на Вашите клиенти. Понудете им ново и доверливо корисничко искуство преку далечинска поддршка. Решете проблеми по прва поправка и подобро исполнете го Вашиот договор за услуга на ниво. Развијте нов концепт на услуга и отворете нов извор на приход.
Оптималност
Луѓето се сè уште неопходни за производни процеси. Компаниите се соочуваат со предизвик за да минимизираат стапка на нормални човечки грешки за гарантиран квалитет.
xMake го намалува товарот врз персоналот, и ги поддржува следните процеси:
- склопување со чекор-по-чекор инструкции
- побрз тренинг на нови работници
- автоматско генерирање на документација
- приказ на корисни информации
Управувано склопување со xMake
xMake заменува листови хартија склони на грешки, и овозможува управувано склопување. Со помош на паметни очила, корисникот секогаш гледа релевантни информации пред себе, додека и двете раце му се слободни за тековна активност. Камерите и сензорите овозможуваат совршени резултати во секој чекор на производство.
Висока флексибилност е клучна карактеристика на xMake решение. Задолжителна е само Wi-Fi конекција, и може да биде адаптиран на потребите на Вашите вработени. Во случај на дефект на производна линија, вработените може да пристапат до функција за далечинска поддршка (JITE – Just in Time Expertise). xMake го намалува и времето и другите ресурси за тренинг (JITT, Just in Time Training).
Понудете одлична услуга
Сложени упатства за одржување се минато. Дигитализирајте го Вашето практично знаење! xInspect е иновативно решение кои користи паметни очила за подобро планирано одржување во различни области од индустрија.
Бенефити:
- поквалитетно одржување
- управувана дијагностика
- checklist на задачи
- автоматско генерирање на документација
- конектирајте надворешни сензори и IIoT уреди
Управувано отстранување на дефекти со xInspect
Денес, техничарите вообичаено се соочуваат со два предизвици при одржување и поправка: потребни им се и двете раце за работа, и дополнителни информации за процедурата на одржување.
Со xInspect на паметни очила, техничарот ги има сите релевантни информации, чеклисти, дијаграми, итн. пред своите очи. Податоците од сензорот може да се интегрираат во реално време. Работникот може слободно да се движи. Извештаи и документација од инспекција може да бидат автоматски генерирани за време на процесот без загуба на информации.
Висока процесна ефикасност
Висока процесна ефикасност со xInspect. Чекор-по-чекор инструкции и интегрирана контрола на квалитет. Застоите се проактивно спречени и водат кон поврат на инвестиција.
Тренингот на нови вработени е полесен преку брз пренос на знаење. Работниците се побезбедни благодарение на приказ на предупредувања за опасност поврзани со процесот. Ако проблемот не може да биде решен со постоечка информација, може да консултирате експерт со Frontline решение xAssist.
Оптимална логистика
Мануелни логистички процеси сè уште доминираат во многу компании. TeamViewer Frontline решение xPick го адресира овој предизвик и се стреми кон профитабилна употреба на носливи уреди во многу процеси на логистика:
- мануелна земање на нарачки
- Incoming & outgoing стоки
- пакување & сортирање
- контрола на инвентар
Сакате да дознаете повеќе?
Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.
Subscribe to our newsletter!