Изберете етаблирани Eta производи на пазарот
По своето основање во 1978 година во Италија, компанијата Eta се здоби со повеќе од 40-годишно искуство во производство на челични лимови, нерѓосувачки челик, и преработен алуминиум. Се етаблираше како глобална референца на пазарот за електрични ормари без ожичување.
Eta е секогаш и секаде тука за Вас
Еta групацијата има производни погони на две локации во Италија – еден во Canzo за раните фази на производство, и втор во Albavilla за крајните фази. Tие имаат и центар за логистика во Италија.
Две нивни комерцијални подружници се лоцирани во Англија и Франција, а трета во Кипар (за пазарот на Блискиот Исток). Тие имаат обемна продажна мрежа низ Италија, и во повеќе од 40 држави ширум светот.
Искористете ги капацитетите на Eta
Во нивната лабораторија, нивните инженери можат да замислат, дизајнираат, и изградат нови иновативни производи и решенија. Исто така, таму можат да развијат проекти по мерка на нивните бизнис партнери. Во нивниот Центар за истражување и развој, тие можат да ги проучат Вашите потреби и секој дел од проектот може да се тестира, благодарение на производните системи целосно посветени на прототипови и тестови. Така, тие можат да изберат најефикасно и најефективно решение.
Исто така, тие имаат свој Оддел за квалитет и безбедност за да бидат во тек со сертификати, регулативи, и стандарди од својот сектор, и за да одговараат на прецизни и уникатни барања на пазарот, благодарение на посветена лабораторија опремена со сите потребни алати и опрема.

Погледнете зошто се Eta уникатни
Прочитајте ги најновите вести
Популарен Yaskawa драјв J1000 серија
Драјвот Ј1000 ги исполнува сите Ваши барања за автоматика во Вашите апликации. Енергетска ефикасност. Контрола на брзина. Неверојатни карактеристики!
Yaskawa matrix драјв U1000 серија
Регенеративен драјв со ниски хармоници нуди иновативна технологија, и врвен перформанс. Општа намена во разни апликации за иден развој на Вашето производство.
Yaskawa микродрајв V1000 серија
Компактен V1000 енергетски ефикасен микродрајв за сложени апликации како Open-Loop-Vector контрола и PM мотори без повратна врска.
Leuze ретро-рефлективен сензор – детекција на сè и сешто
Моделот RK 46C VarOS е фотосензор со неполаризирана светлина и со значително поголема флексибилност при детекција и на објекти со нестандардна форма.
Cognex камера за интелигентен машински вид
Серијата In-Sight е неприкосновена во својата класа поради способноста за оптичка контрола, препознавање на објекти, и контрола на индустриски постројки.
Контролирајте робот преку камера – PatMax Redline
Контролирајте го Вашиот робот со PatMax RedLine алгоритамот дизајниран за голема брзина и висока резолуција на слика без загуба на точност.
Претплатете се на нашиот весник!
Вие ќе добивате квалитетни вести и потсетници за вебинари за водечка опрема во автоматиката со цел да бидете чекор пред Вашата конкуренција.













