Изберете етаблирани Eta производи на пазарот
По своето основање во 1978 година во Италија, компанијата Eta се здоби со повеќе од 40-годишно искуство во производство на челични лимови, нерѓосувачки челик, и преработен алуминиум. Се етаблираше како глобална референца на пазарот за електрични ормари без ожичување.
Eta е секогаш и секаде тука за Вас
Еta групацијата има производни погони на две локации во Италија – еден во Canzo за раните фази на производство, и втор во Albavilla за крајните фази. Tие имаат и центар за логистика во Италија.
Две нивни комерцијални подружници се лоцирани во Англија и Франција, а трета во Кипар (за пазарот на Блискиот Исток). Тие имаат обемна продажна мрежа низ Италија, и во повеќе од 40 држави ширум светот.
Искористете ги капацитетите на Eta
Во нивната лабораторија, нивните инженери можат да замислат, дизајнираат, и изградат нови иновативни производи и решенија. Исто така, таму можат да развијат проекти по мерка на нивните бизнис партнери. Во нивниот Центар за истражување и развој, тие можат да ги проучат Вашите потреби и секој дел од проектот може да се тестира, благодарение на производните системи целосно посветени на прототипови и тестови. Така, тие можат да изберат најефикасно и најефективно решение.
Исто така, тие имаат свој Оддел за квалитет и безбедност за да бидат во тек со сертификати, регулативи, и стандарди од својот сектор, и за да одговараат на прецизни и уникатни барања на пазарот, благодарение на посветена лабораторија опремена со сите потребни алати и опрема.

Погледнете зошто се Eta уникатни
Прочитајте ги најновите вести
Turck идентификација RFID систем – заштита
Најмала RFID read/write глава на пазарот погодна за употреба во ограничени услови на монтажа. IP67 класа на заштита. Компактен правоаголен дизајн, 15 cm долг кабел! Широк спектар на апликации!
Hirschmann мрежен SPIDER PoE инџектор и PoE свич
SPIDER PoE фамилијата обезбедува и едноставна интеграција на уреди во мрежа и флексибилна ефикасна експанзија на мрежи.
West контролер за температура
Универзален индустриски PID контролер. Брза конекција, лесна конфигурација. Универзални влезови и за други процесни променливи.
Unitronics PLC контролер Vision 1210/1040 серија
Напреден програмабилен контролер со елегантно вграден 12.1”/10.4” графички колор екран на допир. Има IP66 заштита - идеален избор за прехранбена индустрија!
Ласерски триангулациони сензори за растојание
Робусни ласерски триангулациони сензори од Micro-Epsilon и Leuze дизајнирани за задачи за растојание во индустриска автоматика, машини, и системи.
Индустриска автоматика преку V350 PLC контролери
Индустриска автоматика преку помоќен, побрз, и елегантен начин на првокласна контрола со Vision 350 контролери.
Претплатете се на нашиот весник!
Вие ќе добивате квалитетни вести и потсетници за вебинари за водечка опрема во автоматиката со цел да бидете чекор пред Вашата конкуренција.













