Изберете етаблирани Eta производи на пазарот
По своето основање во 1978 година во Италија, компанијата Eta се здоби со повеќе од 40-годишно искуство во производство на челични лимови, нерѓосувачки челик, и преработен алуминиум. Се етаблираше како глобална референца на пазарот за електрични ормари без ожичување.
Eta е секогаш и секаде тука за Вас
Еta групацијата има производни погони на две локации во Италија – еден во Canzo за раните фази на производство, и втор во Albavilla за крајните фази. Tие имаат и центар за логистика во Италија.
Две нивни комерцијални подружници се лоцирани во Англија и Франција, а трета во Кипар (за пазарот на Блискиот Исток). Тие имаат обемна продажна мрежа низ Италија, и во повеќе од 40 држави ширум светот.
Искористете ги капацитетите на Eta
Во нивната лабораторија, нивните инженери можат да замислат, дизајнираат, и изградат нови иновативни производи и решенија. Исто така, таму можат да развијат проекти по мерка на нивните бизнис партнери. Во нивниот Центар за истражување и развој, тие можат да ги проучат Вашите потреби и секој дел од проектот може да се тестира, благодарение на производните системи целосно посветени на прототипови и тестови. Така, тие можат да изберат најефикасно и најефективно решение.
Исто така, тие имаат свој Оддел за квалитет и безбедност за да бидат во тек со сертификати, регулативи, и стандарди од својот сектор, и за да одговараат на прецизни и уникатни барања на пазарот, благодарение на посветена лабораторија опремена со сите потребни алати и опрема.

Погледнете зошто се Eta уникатни
Прочитајте ги најновите вести
Cognex систем за машински вид In-Sight 7000, втора генерација
In-Sight 7000 системот овозможува брза и точна контрола на квалитет, и идентификација на производ кај најбрзи производни линии.
Cognex баркод верификатор DataMan 8072V
DPM баркод верификатор со високи перформанси дизајниран за гарантиран квалитет на баркод во Вашата апликација.
Cognex баркод читач DataMan 8072DL
DataMan 8072DL покажува моќен перформанс за читање на сложени DPM баркодови кај мазни, рефлектирачки површини.
Secomea – поедноставно и подоверливо
SECOMEA 9.3. носи новитети за драстично полесна конекција до Вашите уреди преку обновен графички дизајн. Гарантирано сигурна конекција!
MQTT – водечки комуникациски протокол за Индустрија 4.0
MQTT е ултра лесен, open source TCP/IP IoT комуникациски протокол кој лесно може да се имплементира врз база на publish/subscribe модел.
TTControl компактни контролни единици
Компактни TTControl контролни единици HY-TTC 30/32 во робусно куќиште. Доверлива работа и во сурови климатски услови.
Претплатете се на нашиот весник!
Вие ќе добивате квалитетни вести и потсетници за вебинари за водечка опрема во автоматиката со цел да бидете чекор пред Вашата конкуренција.













