Изберете етаблирани Eta производи на пазарот
По своето основање во 1978 година во Италија, компанијата Eta се здоби со повеќе од 40-годишно искуство во производство на челични лимови, нерѓосувачки челик, и преработен алуминиум. Се етаблираше како глобална референца на пазарот за електрични ормари без ожичување.
Eta е секогаш и секаде тука за Вас
Еta групацијата има производни погони на две локации во Италија – еден во Canzo за раните фази на производство, и втор во Albavilla за крајните фази. Tие имаат и центар за логистика во Италија.
Две нивни комерцијални подружници се лоцирани во Англија и Франција, а трета во Кипар (за пазарот на Блискиот Исток). Тие имаат обемна продажна мрежа низ Италија, и во повеќе од 40 држави ширум светот.
Искористете ги капацитетите на Eta
Во нивната лабораторија, нивните инженери можат да замислат, дизајнираат, и изградат нови иновативни производи и решенија. Исто така, таму можат да развијат проекти по мерка на нивните бизнис партнери. Во нивниот Центар за истражување и развој, тие можат да ги проучат Вашите потреби и секој дел од проектот може да се тестира, благодарение на производните системи целосно посветени на прототипови и тестови. Така, тие можат да изберат најефикасно и најефективно решение.
Исто така, тие имаат свој Оддел за квалитет и безбедност за да бидат во тек со сертификати, регулативи, и стандарди од својот сектор, и за да одговараат на прецизни и уникатни барања на пазарот, благодарение на посветена лабораторија опремена со сите потребни алати и опрема.

Погледнете зошто се Eta уникатни
Прочитајте ги најновите вести
Индустриски Ethernet кабли ESCHA
Изберете серија "PROFINET Robotic" на индустриски Ethernet кабли со висок перформанс. Одличен капацитет за флексибилно спирално усукување и превиткување.
Преку Интернет на Нешта до поефикасно производство
Индустриски Интернет на Нешта е најважен тренд во индустриска автоматика, и клучен елемент во Индустрија 4.0!
Минијатурни draw-wire сензори Micro-Epsilon
Стекнете бенефит со MT серија на минијатурни сензори дизајнирани за тест апликации со високи затегнувања на жица и ограничен простор.
Ултразвучни сензори за сите апликации
Стекнете предност со минијатурните M8 и M12 ултразвучни сензори со неверојатно мала мртва зона. Особено погодни за апликации со ограничени услови за монтажа.
Basler индустриска камера ace U-серија
Атрактивни ace U индустриски камери со висока резолуција. Одлични за контрола на квалитет на најфини структури во производство на PCB или LCD!
Turck линеарен сензор за позиција – со аналоген излез
Надградената варијанта од Li Q25 серија има подобри карактеристики: поголема отпорност на шок и стапка на земање примероци, и до 2 m мерно растојание.
Претплатете се на нашиот весник!
Вие ќе добивате квалитетни вести и потсетници за вебинари за водечка опрема во автоматиката со цел да бидете чекор пред Вашата конкуренција.













