Универзални М12 конектори и кабли
Универзални Escha кабли, M12 конектори, и фланши за сигурен доверлив пренос на енергија преку стандардизиран M12x1 интерфејс усогласен со IEC 61076-2-111 стандардот.
Повеќе апликации со енергија
Со текот на годините, М12 конекторите и кабелските склопови станаа стандард за конекција на индустриски уреди.
Escha воведе два модели на кодирани М12 конектори: power S- и power T- кодирани, кои овозможија нови апликации со напојување и пренос на енергија.
Escha нуди конектори, кабли, и фланши кои гарантираат доверлив пренос на енергија преку стандардизиран M12x1 интерфејс усогласен со IEC 61076-2-111 стандардот.
Пренос на енергија преку S- или T-кодиран конектор
Различно кодирани терминали на конектори:
- S-кодирани конектори и кабли се специјално адаптирани за наизменична струја (AC до 12 A / 600 V), која снабдува енергија за мотори или фреквентни регулатори
- T-кодирани конектори и кабли за еднонасочна струја (DC до 12 A / 63 V), која снабдува енергија за fieldbus компоненти или помали мотори
Карактеристики на M12 конектори и кабли
- Power S- и Power T-кодирани женски и машки конектори достапни во права- и аголна варијанта кои исполнуваат норми на класични конектори за сите апликации
- Усогласени со IEC 61076-2-111 и UL 2237 стандарди
- IP67, IP68, IP69 класи на заштита
- Можноста за конекција на кабли со дијаметар до 2.5 mm² нуди дополнителна флексибилност за пренос на електрична енергија
Сакате да дознаете повеќе?
Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.
Subscribe to our newsletter!