Фиксни читачи со висок перформанс

DataMan 470 серија на фиксни баркод читачи лесно решаваат комплексни задачи со голем пропусен опсег во производство и логистика. Намалете трошоци, оптимизирајте перформанс, зголемете пропусен производен опсег, и контролирајте следливост.

Максимална брзина и покриеност

DataMan 470 серија на фиксни баркод читачи е најбрза и најмоќна серија на Cognex индустриски баркод читачи. Поради напредните технологии, оваа премиум серија е наменета за висок перформанс и зголемено производство. Користи патентирани Cognex алгоритми за декодирање на машински кодови, кои се најдобри во својата класа.

Интегрираните 1DMax + HOTBARS алгоритми декодираат 1D баркодови со голем шум, голема рефлексија, мала мртва зона, лимитиран контраст, и оштети. Алгоритмите 2DMax + PowerGrid лесно читаат 2D баркодови без дел од баркод шаблон, или мртва зона.

Сакате да набавите наши опрема за Идентификација?

Клучни предности

фиксен читач Dataman 470
  • повеќејадрена процесирачка моќност
  • технологија на снимање
  • сензор со висока резолуција
  • напредни декодирачки алгоритми
  • едноставна конфигурација
  • максимална покриеност, брзина
  • едноставна употреба

За најсложени апликации

DataMan 470 серијата користи нова патентирана технологија на снимање за сложени апликации меѓу кои следливост на компоненти во автомобилска индустрија, идентификација на гуми, ракување со багаж на аеродроми, автоматско сортирање, итн.

HDR+ технологијата за слика го подобрува квалитетот на слика на 1D и 2D баркодовите, и обезбедува поголема длабочина на поле, и поголема брзина од стандардните читачи. Чита и ултра мали кодови со мал контраст кои не се видливи за други читачи. Со поголемото видно поле, покрива поголема зона, така што Ви требаат помалку читачи кои крајно водат кон пониски трошоци.

фиксен читач Dataman 470 апликации

Модуларна оптика

фиксен читач Dataman 470 оптика

DataMan 470 серијата има повеќејадрена процесирачка моќност, напредни декодирачки алгоритми, и модуларна оптика која помага за адаптација на читачот за конкретни апликации така што го подобрува перформансот на читачот. Со надградената DataMan Setup алатка, сега може уште полесно да го конфигурирате читачот.

Gigabit Ethernet интерфејсот овозможува брз пренос на слики со висока резолуција до DataMan Setup алатката. Помага за дијагноза на дефекти во баркодот. Cognex Explorer Real Time Monitoring (RTM) алатката може да дефинирате метрика на квалитет на баркод читачи за понатамошна оптимизација на линијата.

Сакате да дознаете повеќе?

Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.

fixed mount reader Dataman 470

Subscribe to our newsletter!

    Contact form 7 Mailchimp extension by Renzo Johnson - Web Developer

    Don’t miss other related news

    Don’t miss other news