Чекорни мотори
Чекорен мотор претставува синхрон електромеханички уред без четкици, кој електричните сигнали ги преобразува во механички вртливи движења на осовината. При пораст во фреквенција на дигитални импулси доаѓа до промена од чекорно придвижување во континуирано вртливо движење каде што брзината на вртење зависи правопропорционално од фреквенцијата на импулсите. Секое вртење на чекорниот мотор се дели на одреден број на чекори, а контролерот мора да прати импулс за секој чекор. Позицијата на чекорниот мотор може да биде контролирана без повратна врска сè додека истиот е соодветно димензиониран според дадена апликација.
Квалитетен чекорен мотор за Вашата апликација
Системите со Чекорни мотори се употребуваат при разни видови на апликации со цел позиционирање, вртливо движење, и транслаторно движење на разни типови на делови или опрема. Ние нудиме чекорни мотори од R.T.A. групација, која е водечка европска компанија во индустријата за контрола на движење со повеќе од 45-годишно искуство. Денес, тие имаат воспоставено мрежа од 46 дистрибутери низ 5 континенти и продадено повеќе од 1 милион драјвери за чекорни мотори.
Нивната компјутеризирана тест линија изведува тест на секој драјвер преку две различни операции, притоа обезбедувајќи негов квалитет. Вештите инженери од компанијата обезбедуваат професионалност, како и брза поддршка и помош за сите клиенти.
Конверзија на импулси во ротационо движење
Еден чекорен мотор го преобразува секој дигитален импулс во механичко поместување. Секој импулс предизвикува моторот да се заврти за прецизен агол. На пример, чекорен мотор со типична резолуција од 1.8° означува дека осовината на моторот прави 1 полн циклус по 200 импулси или чекори (360° / 1.8° = 200).
Роторот на чекорниот мотор е составен од магнет со два запчани роторски парови полови каде секој има типично 50 запчаници. Статорот на чекорниот мотор има 8 радијално поставени магнетни полови кои се направени од тенки магнетни лимови меѓусебно изолирани. Постојат осум 8 намотани калеми на нив.
Предности на чекорен мотор
- Агол на ротација пропорционално зависен од влезен импулс
- Прецизно позиционирање и повторливост на движење
- Едноставна употреба (инсталација и почеток на работа)
- Разновидна употреба (за различни апликации)
- Одличен одѕив при режим на старт/стоп/спротивна насока
- Едноставна градба
- Висока доверливост и робусност (погоден за сурови работни средини)
- Полн вртлив момент при мирување (доколку намотките се под напон), и висок вртлив момент при ниски брзини
- Ниска цена во споредба со други погонски контролни системи
- Ниски трошоци за одржување
Изберете совршен работен принцип за Вашиот процес
Полн чекор
Чекорниот мотор со полн чекор има 200 полни чекори по циклус на осовината на моторот. Тие работат со една фаза активна во даден момент или со две фази истовремено активни, каде резолуцијата изнесува 1.8° полн аголен чекор.
При две активни фази, вртливиот момент на чекорниот мотор е 30%-40% повисок во споредба со една активна фаза.

Полн чекор, Една активна фаза

Полн чекор, Две активни фази
Полу чекор
Чекорниот мотор се врти со 400 чекори по циклус, каде едната намотка е под напон, а потоа две намотки се под напон наизменично, така што роторот се завртува за половина растојание, или 0.9°.
Иако обезбедува приближно 30% помалку вртлив момент во споредба со режимот на полн чекор, овој режим на полу чекор создава пофино движење.

Полу чекор
Микро чекор
Еден полн чекор или 1.8° може да биде поделен на 256 микро чекори со цел да го израмни вртливото движење на моторот при ниски брзини. Контролерот за чекорниот мотор праќа 2 напонски синусни бранови – 90° фазно поместени, до намотките на моторот.
Овој режим на работа се употребува при апликации кои бараат точно позиционирање, и фино движење при разни брзини.

Микро чекор
Следете ги следните едноставни чекори
Магнетните полови имаат 48 запчаници, т.е 2 помалку од роторот. Статорските полови во однос на роторот се подредени на следниот начин (Сл. 1): 2 полови се подредени, 2 полови не се подредени, а 4 полови се полуподредени со роторот. Статорските намотки се две независни множества од калеми (Сл. 2).
При развој на апликација со чекорен мотор, Вие треба да ги следите следните едноставни чекори:
Каде може да примените чекорен мотор?

- Позиционирање по XY-оски
- Складирање, pick-and-place системи и роботи
- Системи за пакување, и Опрема за апликации на етикетирање
- Разни Транспортни и Логистички системи (внатрешно движење и ориентација)
- Системи за насочување и подредување (аголно и линеарно)
- Системи за размена на форматирачки делови или алатки
- Мерни и Лабораториски системи
- Подвижни ленти
- …
Какви машини може да развиете?
- Машини за пакување
- Опрема за етикетирање
- Машини за полнење на течности и прашкасти производи
- Машини за пресекување на пластика, метали, дрво, керамика, стакло, камен
- Машини за обликување
- Роботи
- Лабораториски инструменти
- 2D и 3D принтери
- …

Прочитајте најновите вести
Teltonika – Вашиот клуч за Интернет на Нешта (IoT)
Teltonika Ви нуди голем избор на рутери, модеми, gateway уреди, и IoT платформи за автоматизација. Дозволете им да Ви го олеснат животот!
Индустриски интерферометар за точни бесконтактни мерења
Индустриски интерферометар со бела светлина од Micro Epsilon. Бесконтактно мерете минимално растојание и дебелина.
Basler Boost CXP камери: 20/30/45 MP HD резолуција
Basler boost серија на камери за апликации со висока резолуција, голема брзина, и висока точност со големо видно поле.
Радарски сензор за ниво со IO-Link од Turck
LRS510 радарски сензор за ниво точно и доверливо мери ниво и волумен на лабави и течни медиуми дури и во сложени апликации!
Енергетски ефикасен LED драјв MEAN WELL
Најсовремен AC/DC LED драјв за ефикасна контрола на сите видови на LED ленти. Заштита од здравствени ризици поради LED треперење.
Leuze вилушкасти сензори за доверлива детекција на сите етикети
Leuze вилушкасти сензори имаат висока оперативна доверливост. Прв комбиниран сензор во светот GSX14E за детекција на секакви етикети, па дури и "BOPP"!
Претплатете се на нашиот весник!
Вие ќе добивате квалитетни вести и потсетници за вебинари за водечка опрема во автоматиката со цел да бидете чекор пред Вашата конкуренција.





















