Blue Danube Robotics
се фокусира на безбедни колаборативни роботи во масовно производство.
Blue Danube Robotics Ви нуди безбедни решенија кои едноставно ги трансформираат Вашите индустриски роботи безбедно да соработуваат со луѓе при големи брзини. Исто така, тие обезбедуваат опрема за коботи, и алатки за извршни елементи (End-Of-Arm-Tooling – EOAT).
Автоматизација со роботи без заштитна ограда
Blue Danube Robotics Ви нуди патентиран производ AIRSKIN® – цврста “кожа” осетлива на притисок која може едноставно и директно да се монтира на Вашиот робот без заштитна ограда. Производот е достапен за скоро секој стандарден индустриски робот и апликација, и обезбедува единствено решение за извршниот елемент.
Покрај нивниот фокус кон апликации за палетизација, визуелна инспекција, и движење на завртки, тие со сопствената експертиза може да Ви помогнат да создадете решенија кои целосно ќе исполнат и други Ваши потреби. Тие имаат развиен сопствен метод за масовно производство на AIRSKIN® производот, и за 3D печатење на меки херметички TPU влошки.
Безбедни колаборативни апликации со Blue Danube Robotics
Дали посакувате практични и флексибилни безбедни решенија за роботи и нивните извршни елементи? Дали посакувате робот без заштитна ограда, а не сте сигурни за изводливоста и нормативите?
AIRSKIN® сензорот за колизија од Blue Danube Robotics e сеопфатна заштитна обвивка за роботи и нивните извршни елементи. Сензорот брзо се инсталира, и директно се конектира со контролерот за робот без заштитна ограда, така што овозможува колаборативни апликации. Работи на највисоко безбедно ниво. Системот има ISO-13849 Cat.3/PLe сертификат за безбедност, и може идеално да се усогласи со ISO/TS-15066 апликации.
Неограничени можности со AIRSKIN модули
Blue Danube Robotics нуди AIRSKIN® модуларни влошки осетливи на притисок кои имаат Cat.3/PLe сертификат за безбедност. Нивните модуларни влошки кои доаѓаат во различни големини, форми, и дебелини, може брзо да се монтираат на Вашиот робот преку безбедниот магнетен Easy-On модул. Така, Вие може да ја подобрите безбедноста на Вашиот индустриски робот, автономен мобилен робот, или било која друга движечка машина со цел совршено да бидат исполнети барањата за безбедност на работно место.
Клучни карактеристики на AIRSKIN®
Прочитајте ги најновите вести од Blue Danube Robotics
Колаборативни роботи со AIRSKIN safety сензор за допир
Safety сензор за допир Airskin е револуционерно решение во роботика. Гарантирано подобра интеракција меѓу човек и робот.
AIRSKIN safety сензор за допир за прифатливи колаборативни роботи
Со AIRSKIN од Blue Danube Robotics, трансформирајте го секој индустриски робот во колаборативен, или надградете го постоечкиот колаборативен робот.
Претплатете се на нашиот весник!
Вие ќе добивате квалитетни вести и потсетници за вебинари за водечка опрема во автоматиката со цел да бидете чекор пред Вашата конкуренција.