Turck индуктивни сензори uprox3 серија со IO-Link
Со помош на IO-Link, uprox3 индуктивните сензори се трансформирани во универзален прекинувач со вклучена идентификација. Тие се најразновидни и најмоќни индуктивни сензори кои Turck ги има некогаш произведено.
Универзална комуникација
Интелигентниот интерфејс го трансформира factor 1 индуктивниот прекинувач за близина во универзален сензор кој може да се параметризира по мерка на повеќе од 100,000 индивидуални барања. На пр., ние може да сетираме две посебно нагодливи прекинувачки растојанија (секое NO или NC, како и PNP или NPN) што овозможува рано сетирање на предупредувачки функции за таргет објекти подложни на абење. Корисникот може да преземе акција пред да настане дефектот.
Ние може да сетираме и различни функции за тајмер, како на пр.: временско доцнење за исклучување при следење на брзина. Опциите се веќе достапни во I/O-Link режим со кој сензорот може да работи на стандарден дигитален влез.
Корисни во разни апликации
Uprox3 индуктивните сензори со IO-Link комуникација се достапни во 4 варијанти:
- M12 варијанта со прекинувачко растојание до 6 mm
- M18 варијанта со прекинувачко растојание до 10 mm
- двете варијанти достапни во хромно месингано куќиште
- двете варијанти достапни во PTFE-прелиени варијанти за апликации на заварување
Пристап до параметарски и евалуациски функции
Работниот режим IO-Link нуди уште повеќе можности, доколку индуктивниот сензор работи со IO-Link master уред. Ова ни овозможува пристап до сите параметарски и евалуациски функции. Интелигентното задржување на податоци со IO-Link v1.1 овозможува сензорот да биде заменет без да се ресетираат параметрите.
Во производните процеси, uprox3 IO-Link сензорот овозможува повеќе аналитички опции, меѓу кои: прекинувачки точки за секоја апликација посебно, температурни граници, или идентификациски број. Може да се идентификуваат до 256 различни јазли. Сензорот може да се имплементира за контрола на присуство на носачи на работни парчиња, и за замена на алати, со симултана идентификација.
Сакате да дознаете повеќе?
Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.
Subscribe to our newsletter!