Yaskawa драјвови A1000 серија
Премиум Yaskawa драјвовите од A1000 серија контролираат не само индукциони мотори, туку и мотори со перманентен магнет со полн вртлив момент при нулта брзина. Стекнете бенефит од неговите вградени карактеристики за функционална безбедност, оптимална ефикасност, лесна интеграција со PLC контролери, лесно пуштање во работа кое не Ви одзема време, заштеда на простор, и компактна поставка.
Одлични перформанси
A1000 серијата на драјвови доаѓа од Yaskawa – водечкиот светски производител на AC драјвови, серво драјвови, контролери, PLC контролери, HMI интерфејси, и индустриски роботи.
Моќен, доверлив, и високо ефикасен драјв за контрола и на индукциони мотори и на мотори со перманентен магнет. Снабдува полн вртлив момент при нулта брзина во отворена- и во затворена повратна јамка. Произведен со високо енергетски ефикасна контролна технологија.
Напредна контрола на движење
Благодарение на auto-tuning методот, А1000 драјвот континуирано ги анализира промените во карактеристиките на моторот додека работи со цел високо прецизна контрола на брзина. Auto-tuning карактеристиката ги оптимизира параметрите за работа и на индукционите мотори и на синхроните мотори за да постигнат највисоко ниво на перформанс. Исто така, автоматски ги конфигурира и поставките во однос на конектираната машина.
Степени на заштита: IP00, IP20, NEMA Type 1, IP54.
Сакате да дознаете повеќе?
Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.
Subscribe to our newsletter!