3D машински вид Photoneo
Photoneo е словачки производител на опрема за 3D машински вид. Со нивните производи, тие се рангирани меѓу 50-те најдобри компании кои го диктираат развојот на технологијата во Европската Унија. Тие се докажаа и пред компании од познатата Силициумска Долина во Калифорнија.
3D камера за машински вид со највисока резолуција
MotionCam-3D камера за 3D машински вид е клучна компонента на опрема за 3D машински вид од Photoneo. Со нивната опрема, оваа врвна компанија се грижи за поголема ефикасност и оптимизација на процеси во производство и склопување. Тие се неопходни особено во автомобилска- и прехранбена индустрија, логистика, електроника, и медицина.
Со мерен опсег од 36 cm до 3 m, 3D камерата е погодна за широк спектар на апликации. Може да ги користите во индустрија, логистика, или било каде на друго место.
Детални точки во облак
MotionCam-3D камера за машински вид има освоено бројни награди за нивните иновации. Ви овозможува брзо, робусно, и точно снимање на 3D слики на објекти, па дури и во движење!
Со патентирана технологија за структурирана светлина, снима детални точки во облак за објекти кои брзо се движат. За разлика од стерео или ToF камера, нема компромис меѓу брзина на снимање и квалитет на слика.
Бескомпромисна брзина и доверливост!
Благодарение на 3D технологија за паралелна структурирана светлина, MotionCam-3D камера за машински вид не е сензитивна на вибрации, амбиентална светлина, и намалување на острина при движење. Така, може да се потпрете на камерата за квалитетни слики без дисторзија и други артефакти, дури и во променливи услови.
Photoneo камерата MotionCam-3D освои IERA (Innovation and Entrepreneurship in Robotics and Automation) награда во 2020, која е една од најважните награди во светот на роботика според Photoneo.
Клучни карактеристики
5 различни варијанти – секоја за посебен тип на апликација
- 0.9 Mpx резолуција за динамички, и 2 Mpx за статички објекти
- до 20 фрејмови/секунда брзина на снимање
- до 40 m/s брзина на движење на објекти
- од 343 x 507 mm до 1836 x 2495 mm покриена површина на снимање (зависи од варијанта)
- IP65 куќиште
- PoE напојување
Моќна и робусна 3D камера за машински вид
Photoneo камера MotionCam-3D е подобрена со моќен GPU кој може да процесира до 15 милиони 3D точки/секунда. Процесирањето и реконструкцијата на точки се прави од старна на камерата, така што не го оптоварува компјутерот кој има целосна моќност за анализа на слика.
Поради IP65 класа на заштита, 3D камерата е погодна за сложени индустриски средини. Можноста за напојување преку мрежен кабел (PoE) до 30 метри должина за полесна инсталација во такви средини.
Брза и лесна параметризација
Бесплатен PhoXi Control софтвер овозможува брза и лесна конфигурација на Photoneo опрема за MotionCam-3D машински вид. Покрај другите работи, софтверската околина овозможува различни оперативни параметри и преглед и зачувување на снимени точки.
Слично на Photoneo PhoXi 3D скенер, MotionCam-3D камерата поддржува Adaptive Vision Studio, Halcon, LabView, и Matrox Imaging развојна околина.
Напредни кориснички и системски интегратори APIs за C ++ и C# програмски јазик.
Сакате да дознаете повеќе?
Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.
Subscribe to our newsletter!