Следна генерација firewall заштита
Eagle40 од следна генерација на индустриска firewall заштита е робусна Hirschmann firewall заштита дизајнирана за голем проток на податоци. Најисплатливо решение за оптимална сајбер безбедност на Вашата индустриска мрежа за автоматизирано производство и процеси.
Оптимална сајбер безбедност
Индустриските мрежи стануваат основна комуникациска патека за автоматизација и Индустрија 4.0. Овој тренд го зголемува ризикот од сајбер напади и барањата за перформанс на мрежа.
Hirschmann е светски лидер за индустриски Ethernet, кој покрај квалитетни мрежни свичеви и мрежен софтвер, нуди и фибероптика за долги растојанија и високо ниво на доверливост.
Нивната EAGLE40 firewall заштита од следна генерација гарантира оптимална сајбер безбедност за Вашата индустриска мрежа за автоматизација на производство и процеси.
Мрежен перформанс без компромис
Робусен EAGLE40 со мултипорт конфигурација е наменски изграден за висок пропусен опсег на податоци, без компромиси за мрежниот перформанс или одложен циклус на Вашиот производен процес.
Со понатамошно софтверско ажурирање, може да бидете сигурни дека EAGLE40 firewall заштитата е најисплатливо решение за Вас со цел доверлива заштита од сајбер напади.
Карактеристики на EAGLE40
- висок перформанс и безбедност, и голем избор на конфигурации преку повеќе портови (до 7x 1Gbit / s)
- лесна конфигурација преку графички кориснички интерфејс
- автономно учење
- модули за преглед на содржина MODBUS, OPC, и DNP3 пакети (DPI)
- робусно и пасивно ладење за долготрајно следење на мрежа
Сакате да дознаете повеќе?
Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.
Subscribe to our newsletter!