Компјутер за критични апликации
eBOX800-511-FL е IP67, водоотпорен, fanless вградлив систем од Axiomtek. Иновативно и доверливо решение дизајнирано за најсложени надворешни апликации.
Дизајниран да издржи критични услови
Axiomtek, водечки производител на индустриски компјутери, го промовира eBOX800-511-FL, робусен fanless вградлив систем со IP67 куќиште и M12 конектори за критични услови.
Водоотпорниот дизајн на овој робусен индустриски вградлив компјутер промовира иновативно и доверливо решение за надворешни критични апликации каде постои голема веројатност за допир со вода.

Робусен и спремен за надворешни услови

eBOX800-511-FL IP67 куќиштето е направено од челик и алуминиум. Овој стандард гарантира функција на уредот до 30 min во вода до 1 m длабочина. Има еден 204-пински DDR4-2133 SO-DIMM слот со системска меморија до 16 GB. Функционира во сурови средини со енергетска заштита, на работна температура од -30 °C до 60 °C, со толеранција на работен шок до 3G, и 9-36 VDC влез.
Достапна е сериска конекција (USB, RS-232/422/485), видео конекција (VGA), конекција за Ethernet и напојување преку M12 конектори. Заедно со водоотпорен приклучок за антена од N-тип, овозможена е работа во најсурови индустриски средини.
Карактеристики
- IP67 класа на заштита, за надворешни услови
- Intel® Core™ i5-7300U & Celeron® 3965U
- 4 N-тип на отвор за антена со водоотпорен дизајн
- 9 до 36 VDC напојување
- 2 x RS-232/422/485 (M12)
- 2 x USB 2.0 (M12)
- 1 x 10/100/1000 Mbps Ethernet (Intel® i219-LM, M12)
- 1 x VGA (M12)
Сакате да дознаете повеќе?
Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.
Subscribe to our newsletter!