Моќен индустриски компјутер – 17″ екран на допир
Axiomtek моделот P1177E-500 со 17″ екран на допир е тенок индустриски компјутер со високи перформанси за Вашата работна станица, или производна постројка. Екстремно погоден за најсурови работни средини.
Контрола за Вашата работна станица или постројка
Axiomtek Ви нуди тенок мултимедијален PC P1177E-500 модел на индустриски компјутер со 17” SXGA TFT LCD дисплеј со отпорнички екран на допир. Неговиот дизајн овозможува лесна инсталација и скалабилни CPU опции. Дизајнот на алуминиумска предна рамка е усогласен со индустриска IP 65 класа на заштита која совршено овозможува овој робусен all-in-one компјутер да се вклопи во разни индустриски апликации. Погоден е и за апликации со ограничен простор за инсталации.
Моделот P1177E-500 им овозможува на инженерите симултана работа со 2 дисплеи, 4 COM порти, 4 USB 3.0 порти, VGA, HDMI, DisplayPort и Wi-FI порти. Вградениот вентилатор има контролирана брзина во зависност од температура која обезбедува потивка работа.
Сакате да дознаете повеќе?
Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.
Subscribe to our newsletter!