Safety модул PROTECT SRB
Schmersal safety модулот PROTECT SRB-E ја надополнува PROTECT SRB-E фамилијата на мултифункционални safety модули. Сега се достапни два нови дополнителни модули (SRB-E-302FWS-TS и SRB-E-402FWS-TS) кои гарантираат безбедност на машини, и следат друго опасно движење.
Два нови модули
Основен модул SRB-E-302FWS-TS комбинира функции на следење на вртлива алатка и safety тајмер за безбедно стопирање на машина. Напреден модул SRB-E-402FWS-TS вклучува дополнителна функција за контрола на отворање на врата, така што претставува уникатен модул на пазарот со 3 safety функции.
Safety функции и својства:
- безбедносно ниво: до PL, SIL3
- safety категорија: до 4
- напојување: 24VDC
Бидете сигурни дека стопира безбедно
Модулот со функција за безбедно стопирање на ротациона алатка континуирано мери тековна брзина на алатка од конектираниот сензор, и вредноста ја споредува со поставена референтна вредност (гранична фреквенција за безбедно стопирање). Safety модулот детектира кога граничната фреквенција е постигната, и го активира safety излезот.
За безбедно да ја стопира ротационата алатка или делови од машината кои имаат исто стопирачко време (мотор, запчаници, осовина), SRB-E-FWS-TS модулот може да се користи и како safety реле со тајмер (задоцнето safety исклучување, safety функција STO). Кога модулот ќе постигне поставено време, се активира safety излез.
Функции на модул
SRB-E-402FWS-TS модулот овозможува и двоканална контрола на safety прекинувачи со заклучување, и со или без детекција на струја на куса врска. Модулот не дозволува отворање на заштитна врата во случај на опасно движење, и гарантира безбедно исклучување со друга safety функција – функција за контрола на отворање на врата. Дополнително, safety излези спречуваат рестартирање на машината додека вратата е отворена.
LED диодите на модулот известуваат за работниот режим како и за типот и локацијата на грешка која ја забрзува детекцијата на грешки и го намалува застојот на машина. За safety модулот може да се постават граници за безбедно стопирање меѓу 0.5 Hz и 10 Hz, или тајмер меѓу 0.5 s и 3000 s.
Сакате да дознаете повеќе?
Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.
Subscribe to our newsletter!