Ethernet RFID читачи
Стекнете предност со RFID читачи Q300 од Turck со директна cloud конекција за зголемена ефикасност во производство, покусо време на достава, намалени производни трошоци, и број на грешки!
RFID читачи за следливост
RFID читачите Ви овозможуваат оптимално менаџирање на машини, алатки, и материјали, потоа намалени производни трошоци, покусо време на достава, намален број на грешки, и зголемена ефикасност на производство. Достапни податоци во реално време се основа за ефективни одлуки.
Индустриски RFID читачи автоматски:
- прибираат податоци
- овозможуваат следливост на проток на материјали
- следат ефикасност на машини и опрема
- следат состојба на средства
Оптимални процеси во производство и логистика
Индустриски UHF RFID читачи се особено вообичаени во полето на внатрешна логистика, или т.н. “gate” апликации. HF технологијата е важен двигател на дигитални производни процеси, а HF RFID читачи успешно се користат во производни процеси многу години. Turck има индустриски RFID читачи достапни за Вас, кои работат и со UHF и HF фреквенции.
Покрај другото, може да ги користите read/write главите за брзо и доверливо следење на материјали во логистика, на индивидуални производи, на транспортери низ производниот процес, …
Супериорна конекција
Индустриските UHF и HF RFID читачи од Turck може да бидат конектирани и кај IT системи (MES, ERP), и кај производни контролни единици со ист интерфејс. Достапни се OPC UA, Modbus TCP, PROFINET, и Ethernet IP интерфејси. Читачот може да биде конектиран со PLC системи без специјални функциски модули.
Конфигурацијата е веб-базирана. Се извршува тест околина за поедноставно стартување, и постои можност за директна конекција на читачот (т.е.: на read/write глави) до cloud. Читачите може да се програмираат во Linux или CoDeSys софтверски пакет:
- V3 програмирање според IEC 61131-3
- V3 PLC Runtime
- OPC-UA сервер
Q300 – директна конекција на cloud
Карактеристики на UHF RFID читач (read/write глави) Q300 за “gate” апликации:
- вграден веб-сервер за конфигурација на читач
- веб-базирана UHF RFID тест алатка за едноставна евалуација
- предна УВ-отпорна активна површина
- конекција до 4 пасивни RFID UHF антени
- 4 дигитални влезови/излези
- 2 W (ERP) максимална излезна моќност
- LED дијагностика
Повеќе RFID производи од Turck
IP67 рачен RFID читач
Достапни се и рачни RFID читачи PD67 од Turck која е наменета за читање/пишување на UHF и HF тагови со дополнителни опции за читање на баркодови. Ви овозможува да следите фиксни средства и проток на материјали.
RFID читачи
RFID се користи во повеќе реални апликации, како на пр.: проверка на мобилни садови без да се отвораат. Централните податоци се автоматски зачувани, повикани, и проверени, така што исклучуваат простор за грешка и ја зголемуваат ефикасноста на производство.
Сакате да дознаете повеќе?
Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.
Subscribe to our newsletter!