RFID модули од Turck

Конектирајте го брзо Вашиот систем на Ethernet мрежа. Нека сигурна мрежна-, системска- и податочна конекција биде Ваш приоритет.

Брзо читање на податоци од RFID тагови

Turck воведува нови компактни RFID интерфејс модули од TBEN-L и TBEN-S серии со IP67 заштита за конекција на радиофреквенциски идентификациони системи на Ethernet мрежа. Прочитаните податоци од УВФ или ВФ read глави преку мултипротоколарен модул за PROFINET, Ethernet / IP, или Modbus TCP протоколи се пренесуваат до контролер.

Освен read глави може да бидат конектирани и дополнителни сензори и актуатори, така што модулот е екстремно погоден за обнова на постоечките уреди. Модулот со IP67 заштита нуди варијантa без ормар што ја олеснува инсталацијата и ожичувањето на системот.

Сакате да набавите наши опрема за Идентификација?

Посетете ја нашата B2B продавница

Карактеристики на TBEN-S серија

Turck RFID модул шема

Компактната TBEN-S серија на RFID модули ја олеснува интеграцијата со PLC контролери благодарение на директниот пренос на податоци преку стандардно I/O мапирање до контролерот. Нема веќе потреба од функциски блокови. Покрај 2-те идентификациони глави може да бидат конектирани дополнителни 4 сензори или актуатори преку универзални дигитални I/O терминали.

И покрај малата 32 mm ширина, TBEN-S серијата на RFID интерфејси нуди доволен перформанс. Модулот е способен брзо и лесно да детектира до повеќе од 100 УВФ медиуми на ист начин како и 8 KB ВФ медиуми. Модулот се напојува и се конектира преку M8 конектори.

Кликнете тука за брошура

Карактеристики на TBEN-L серија

TBEN-L серијата на RFID модулот која се програмира со CoDeSys софтверски пакет е за нијанса поголема, но содржи контролни функции што овозможува локална обработка на прибраните RFID податоци, и контрола на конектираните периферии.

Преку CoDeSys, TBEN-LX-4RFID-8DXP-CDS моделот може да се конфигурира за еден од следните Ethernet комуникациски протоколи – PROFINET, Ethernet / IP, или Modbus TCP. TBEN-L серијата работи со 800 Mhz CPU единица кој пристапува до 128 MB DDR3-RAM меморија. Дополнително има и 256 MB flash меморија. TBEN-L модулите се конектираат на Ethernet мрежа преку M12 конектор, а се напојуваат преку 7/8″ порт.

TBEN-L модул Turck

Сакате да дознаете повеќе?

RFID module Turck

Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.

Subscribe to our newsletter!

    Contact form 7 Mailchimp extension by Renzo Johnson - Web Developer

    Don’t miss other related news

    Don’t miss other news