Присуствувајте на нашата бесплатна Unitronics обука
Ве покануваме на нашата бесплатна обука за Unitronics PLC контролери, која ќе ја организираме во нашата компанија – Типтех д.о.о. Ќе има два типови на предавања во врска со употребата на бесплатен софтвер кој го добивате во пакет по нарачка на Вашиот Unitronics PLC контролер.
Изберете го Вашиот фаворит
VisiLogic
Обуката опфаќа употреба на Unitronics VisiLogic софтвер. Ќе научите како да програмирате Unitronics PLC контролери Vision и Samba.
UniLogic
Обуката опфаќа употреба на Unitronics UniLogic софтвер. Ќе научите како да користите софтверска околина за Unitronics UniStream PLC контролер.
Едноставен “Drag&Drop” интерфејс
И UniLogic и VisiLogic софтверите се базирани на транспарентен и едноставен кориснички интерфејс. Ќе Ви заштеди време, пари, и пред сè нерви. Со помош на напреден програмерски интерфејс, ќе може да креирате логика за Вашата програма, и да дизајнирате HMI панел во ист прозорец.
“Drag & Drop” функцијата е многу корисна. Ви овозможува едноставно движење на индивидуални елементи за логика на програмата за соодветно да ги пласирате во низата од команди.
Бенефити од структурни и функциски блокови
UniLogic ја олеснува конфигурацијата и употребата на различни комуникациски стандарди. Овозможува да дизајнирате и структури кои конектираат различни параметри во една целина. Има и кориснички функциски блокови кои ги креирате еднаш, а ги користите секогаш во нови програми. UniLogic овозможува приказ на аларми во аудио, видео, или PDF форма кои го зголемуваат HMI екранот.
Со помош на Data Sampler функцијата, може да зачувате и процесирате податоци во контролерот, да ги испратите преку e-пошта или до стандардна SD картичка. Remote Access апликацијата овозможува конекција од мобилен уред до контролер преку Ethernet, USB, или VNC конекција.
Сакате да дознаете повеќе?
Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.
Subscribe to our newsletter!