Хибриден safety I/O модул и за стандардни и за safety сигнали
Turck го претставува својот TBPN модел на хибриден safety I/O модул кој комбинира и стандардни и safety I/O сигнали на ист уред. Profinet/Profisafe хибридниот safety модул со IP67 заштита може лесно да се адаптира на барањата на секој уред. Овој исплатлив уред може да се инсталира на мал простор.
Флексибилен модул
Хибридниот safety I/O модул за safety апликации со PROFIsafe over PROFINET, има 2 safety SIL3-влезови (FDI) за конекција на пр. на safety светлосни завеси, или на e-stop тастери. Исто така, 2 safety канали може да се користат како влезови или како излези.
Модулот има и 4 универзални I/O терминали за конекција на стандардни сигнали до 2 A. Два од нив може да се конектираат како IO-Link master компоненти. Во комбинација со IO-link hub уредот од Turck може да конектирате и до 32 дополнителни I/O уреди.
Погледнете ги спецификациите
И стандардниот и IO-Link каналот на TBPN моделот може да биде внатрешно дисконектиран за safety апликации така што значително го олеснува ожичувањето на помошни драјвови и вентилски блокови.
Овој робусен safety модул е развиен за проширен опсег на работни температури од -40 °C до +70 °C. Куќиштето со IP65/IP67 IP69K заштита овозможува негова употреба и во најсурови средини.
Сакате да дознаете повеќе?
Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.
Subscribe to our newsletter!