FLC контролери за целосна контрола

FLC технологијата е развиена од Turck за време на нивната потрага по оптимални решенија за Вашите процеси на автоматика. FLC технологијата е базирана на ARGEE – веб софтверска развојна околина, која нуди дополнителна функционалност кај пасивните I/O модули со мултипротоколарни Ethernet платформи. Така, I/O модулите се трансформирани во FLC контролери.

Пристапете до Вашата апликација од секое место

FLC технологијата на Turck e базирана на револуционерна ARGEE (A Really Great Engineering Environment) софтверска околина – веб лоцирана. Ви дозволува лесно и директно да конфигурирате на ниво на поле.

Пристапете до софтверската околина преку Вашиот паметен уред од секое место во секое време. FLC контролерите може независно да контролираат разни апликации и да извршуваат разни логички функции, меѓу кои аритметички, временски, и бинарни. Истовремено, може да разменуваат податоци со master контролери.

Сакате да набавите наши опрема?

Посетете ја нашата B2B продавница

Бенефит со одлична софтверска околина

ARGEE софтверската околина е базирана на HTML5 и JAVAScript програмски јазици, така што нуди комплетна развојна околина. Благодарение на тоа, лесно може да го напишете, извршите, симулирате, тестирате, и следите програмскиот код на FLC контролерот. Сето тоа без потреба од PLC контролер.

Според Turck, FLC контролерите се иднина во автоматиката. Иако тие нема целосно да ги заменат PLC контролерите, сепак нудат нов начин за контрола на автоматизирани процеси.

Изберете помеѓу следните I/O модули

Turck TBEN S&L

TBEN S&L Turck
  • Водоотпорно куќиште
  • Класа на заштита: IP69K
  • Работна температура: -40 °C до + 70 °C
  • TBEN-L модели со разни варијанти за сигнали
  • TBEN-S модел со 8 дигитални или 4 аналогни излези
  • Специјални модули за RFID и I/O Link

Turck BL compact

TBEN BL Compact Turck
  • Водоотпорно куќиште
  • Класа на заштита: IP69K
  • Работна температура: -40 °C до + 70 °C
  • 16 дигитални излези со M8 или M12 конектори
  • Различни влезни сигнали
  • Поддржува дигитални, аналогни, I/O Link, и RFID сигнали

Turck FEN20

FEN 20 Turck
  • Погоден за контролен ормар
  • Класа на заштита: IP20
  • Работна температура: -40 °C до + 70 °C
  • До 16 универзални дигитални влезови или излези
  • Флексибилност преку универзални I/O канали

Изберете идеална верзија на ARGEE околина за Вас

ARGEE FLOW

ARGEE FLOW Ви овозможува лесно да дефинирате контролни функции преку опаѓачка структура. Структурата се базира на ladder дијаграм со едноставни “if” услови. Сега имате можност да дефинирате функции без програмерско искуство.

ARGEE FLOW овозможува:

  • конфигурација преку Boolean логика
  • логичка конекција на влезни и излезни сигнали
  • до две временски- и функции за бројачи
  • комуникација со PLC контролер
ARGEE Flow дијаграм Turck

ARGEE PRO

Field Logic Controllers Turck ARGEE PRO Diagram

ARGEE PRO Ви овозможува напредно уредување со многу опции за контрола и програмирање од опаѓачка структура на основни дијаграми. Ќе се импресионирате од едноставната употреба. Импресивен е и јасниот приказ на статус за тековен сигнал и програмски код.

ARGEE PRO овозможува:

    • аритметички операции
    • многу интерни променливи, временски- и функции за бројачи (до 6 kB)
    • размена на голема количина на податоци со PLC контролер
    • “if” услови и секвенцијални состојби

Предности со ARGEE

Благодарение на интелигентната ARGEE технологија, I/O модулите од Turck се идеално решение за Индустрија 4.0. Поддржува разни комуникациски стандарди, меѓу кои Ethernet, I/O Link, и RFID.

ARGEE разменува податоци и со конектирани контролни системи преку PROFINET, Ethernet/IP, или Modbus TCP. Така, FLC контролерот може да се користи за децентрализирана обработка на сигнали.

ARGEE се базира на најнов HTML5 стандард, така што е погоден за било кој паметен уред. Тоа овозможува да го програмирате процесот од секое место во секое време.

Со нарачка на нивните TBEN-L, BL compact, и FEN20 I/O модули, Turck бесплатно ја нуди ARGEE развојната околина.

Field Logic Controllers Turck ARGEE

Сакате да дознаете повеќе?

Field Logic Controllers Turck

Пополнете го формуларот за контакт и ние ќе Ви одговориме наскоро.

Subscribe to our newsletter!

    Contact form 7 Mailchimp extension by Renzo Johnson - Web Developer

    Don’t miss other related news

    Don’t miss other news